Флора Талин од Естонија, Јелгава од Летонија и Трабзонспор од Турција се екипите кои паднаа пред Работнички во трите квалификациски кола за Лига Европа. Романтирачите јуначки без респект спрема противникот кој има многу поголема моќ и амбиции го урнаа Трабзонспор кој важеше за фаворит.
Денеска во 13 часот е ждрепката која во плејофот ќе им го донесе еден од Рубин Казан, Салцбург, Фенербахче, Бордо, Лех Познан и Либерец, а тоа е последната пречка пред историскиот подвиг наречен пласман во групите од ЛЕ кој ниту една македонска екипа досега не го достигнала.
Кој и да им се падне, фудбалерите на Работнички ќе влезат со уште поголема самодоверба, бидејќи покажаа дека парите не се пресудни за да се добие битка на терен.
Вредноста на фудбалерите на Работнички и Трабзонспор според Трансфермаркет.
Голмани
Андреја Ефремов (1992) – 400.000 евра
Дамјан Шишковски (1995) – 300.000
Даниел Божиновски (1989) – 100.000
Горан Трајковски (1997) – 25.000
Одбрана
Горан Силјановски (1990) – 350.000
Кире Ристевски (1990) – 325.000
Мите Цикарски (1993) – 250.000
Милан Илиевски (1982) – 150.000
Нинослав Додевски (1991) – 150.000
Леон Најдовски (1994) – 100.000
Среден ред
Стефан Вујчиќ (1986) – 400.000
Милован Петровиќ (1990) – 300.000
Душко Трајчевски (1990) – 300.000
Мирослав Јовановски (1991) – 150.000
Кире Марковски (1995) – 150.000
Нехар Садики (1998) – 50.000
Марио Настевски (1995) – 25.000
Един Мерсовски (1994) – 25.000
Напад
Баже Илијоски (1994) – 400.000
Марјан Алтипармаковски – 350.000
Чума Анене (1993) – 200.000
Иван Митров (1988) – 200.000
Суад Сахити (1995) – 150.000
Вкупно: 4,85 милиони евра
Голмани
Онур иврак (1988) – 10 милиони евра
Естебан (1989) – 2,5
Фатих Озтурк (1986) – 800.000
Ибрахим Демир (1995) - 450.000
Угуркан Цакир (1996) – 100.000
Одбрана
Кристофер Самба (1984) – 8 милиони
Карл Меџани (1995) – 4 милиони
Угур Демирок (1988) – 3,5 милиони
Салих Дурсун (1991) – 3,5 милиони
Акут Демир (1988) – 3,25 милиони
Мустафа Јумлу (1987) - 2,5 милиони
Хозе Босингва (1982) – 2 милиони
Ишак Доган (1990) – 2 милиони
Луис Педро Каванда (1991) – 2 милиони
Алпер Улудаг (1990) – 1,3 милиони
Муса Низам (1990) – 1,3 милиони
Зеки Јавру (1991) – 1 милион
Среден ред
Стефан Мбија (1986) – 7,5 милиони
Мехмет Екичи (1990) – 7,5 милиони
Јусуф Ердоган (1992) – 6 милиони
Озер Хурмачи (1986) – 5,5 милиони
Еркан Зенгин (1985) – 4 милиони
Оакј Јокуслу (1994) – 4 милиони
Ајтак Кара (1993) – 3,5 милиони
Кевин Констант (1987) – 2,5 милиони
Александру Борчеану (1985) – 2,5 милиони
Сонер Ајдогду (1991) – 2 милиони
Фатих Атик (1984) – 800.000 евра
Напад
Оскар Кардозо (1983) – 6,5 милиони
Сефа Јилмаз (1990) – 4 милиони
Дениз Јилмаз (1988) – 2,5 милиони
Мустафа Јатанбаре (1986) – 2,5 милиони
Сердар Гурлер (1991) – 2 милиони
Вкупно: 112 милиони евра