Првите пенали во англискиот фудбал

Правилото за изведување удари од 11 метри кои го одлучуваат победникот, денеска на островот слави 35 години.

Екипите на Хал и Манчестер Јунајтед на 5 август 1970 година ги извеле првите пенали во англискиот фудбал. Тоа се случило на Watney Cup, инаку првото фудбалско натпреварување кое ги продавало своите права.

Хал и Манчестер се сретнале во полуфинале, а понатаму отишол Јунајтед кој потоа во финале загубил од Дерби со 4:1

Фудбалерот кој го извел првиот пенал во Англија е Џорџ Бест, а првиот кој промашил бил Денис Ло откако голманот на Хал успеал да му ја фати топката.

Инаку Watney Cup е натпреварување кое се одржувало само четири години. По Дерби Каунти, втората и третата година победници биле Колчестер Јунајтед и Бристол Роверс кои славеле на пенали, а во последната Стоук го совладал Хал Сити во регуларниот дел.

5 август 2015 - 15:35