Сулеман Диавара кој 15 години беше дел од Лига 1 минатата сезона мораше да ја заврши порано бидејќи на 9 април беше осуден на затворска казна.
Тој се обиде да купи луксузен автомобил од непознат човек, но откако ги дал парите бил измамен и не ја добил. Потоа му дале украдено порше, но тој го пратил брат му со уште тројца другари да ја разрешат ситуацијата.
Работите се искомплицирале и од неуспешната зделка која Диавара сакал да ја реши насилно, како играч на Ница настрадал со три месечна затворска казна.
Откако излезе на 26 јуни, Диавара и покрај тоа што има 36 години секој ден тренира со личен тренер за да ја врати физичката форма и бара нов клуб, по можност да биде од француското првенство каде има одиграно 339 меча.
Сенегалецот славеше титула во француското првенство со Бордо под водство на Лорен Блан и Марсеј под водство на Дидиер Дешамп. Тој е рекордер со 4 освоени трофеи во францускиот куп, а за селекцијата на Сенегал има 48 настапи.
Следниот пат изјави дека ќе купи кола директно од салон.