Приказните од Парма
Матијас Алмеида играше во Серија А во периодот од 1997 до 2004 година и ги носеше дресовите на Лацио, Парма и Интер. Покрај фудбалските приказни имал и тешкотии кои ги има раскажано во книгата „Душа и живот“, особено додека играл за Парма во времето на газдата на Пармалат, Стефано Танци кој заврши во затвор откако банкротираше главниот спонзор на клубот.
„Еднаш во Парма го напуштив стадионот и се сокрив во ковчег кој се наоѓаше во колата на родителите на мојата сопруга. Надвор ме чекаа 20 ултрас навивачи кои се налутија поради еден мој гест. Се спријателив со рагбисти од Аргентина кои за следниот меч ме однесоа на Тардини. Еден голем и дебел навивач ме сопре и ми рече дека треба да им се извинам на навивачите, а рагбистите беа спремни да интервенираат“.
„По една караница со Танци, ме сопре полиција и ми ја одзема колата. По неколку дена се будам дома и ми ја немаше во гаража и новата кола. Истото му се случи и на Саво Милошевиќ кој беше во кавга со раководството. Еднаш сопругата кога се врати дома, слушна гласови и веднаш викна полиција. Дома не фалеше ништо, но имаше оставено порака на ѕидот од куќата напишана со масло од кола. Тоа беше мафијашка порака. По Мундијалот 2002, не се вратив повеќе во Парма“.
„Пред мечевите ни даваа некои течности. Велеа дека се витамини. Фудбалерот не поставува прашања, но потоа со годините имаше случаи со поранешни играчи кои умираа поради проблеми со срцето, кои имаа и други проблеми. Мислам дека фудбалерите имаат последици од такви сомнителни течности“.
„На крајот од сезоната 2000/2001, некои од колегите на Парма ни рекоа дека Рома барала да го загубиме мечот. Ние не игравме за ништо и ни беше исто, но јас и покрај тоа одбив, а исто и Сенсини. Поголемиот дел од играчите рекоа не. Но на терен видов дека некои трчаа помалку. Тогаш побарав измена и си заминав во соблекувална. Пари? Не знам, мечот го дефинираа како услуга.
Депресијата во Интер
„Имав две повреди и долго време не играв. Размислував и размислував. Еден ден не ја чувствував повеќе раката, а потоа како да не го чувствував и телото. Ми дијагностицираа напади на паника и ме лекуваа. Сфатив дека откако ќерка ми ме гледаше така уморен и тажен, треба да сторам нешто. Од тогаш секој ден земав антидепресивни апчиња“.
Убавите денови во Лацио
„Во Лацио беше најдобриот Алмеида. Бев меѓу најслабите и одев во теретана за да се засилам. На тренинг одев со скинати фармерки, понекогаш и без маица и со долга коса. Еден ден се облееков како каубоец“.
Најголемото пијанство
„Еднаш во Аргентина испив 5 литри вино, како да беше кока кола и паднав во кома. Кога се разбудив го видов цело семејство пред мене околу креветот и мислев дека тоа е мојот погреб. Потоа за да ми помине тешкотијата трчав 5 километри додека не се појави сонцето. “.