Рио одбројува уште 365 дена до стартот на Олимпијадата

На следните Летни Олимписки игри голфот ќе се игра повторно по 111 години, Косово ќе дебитира, а половина од картите ќе изнесуваат максимум 30 долари. Како проблем се потенцира загадувањето од човечки измет.

На една година до почетокот на Рио 2016, продолжува контроверзноста околу загадувањето на водите во Рио де Жанеиро. Светската здравствена организација побара од Меѓународниот Олимписки комитет да спроведе испитувања во заливот Гуанабара каде ќе има трки.

Според локалните бразилски медиуми тоа место е тешко загадено и претставува сериозен ризик за здравјето на спортистите. Неопходно е да се направат научни испитувања и да се види дали е можна опасност од ширење на вируси.

Во однос на подготовките на домаќините, МОК го изрази своето задоволство дека нема да има доцнење во однос да градежните зафати.

„Нема да имам никакво доцнење и ќе бидеме точни во сè. Олимпискиот парк е комплетиран 87%, а Олимпиското село 84%“, изјави спортскиот директор на РИО 2016, Агберто Гимараеш.

Игрите ќе се одржат во четири места Бара, Копакабана, Деодоро и Маракана.

205 – Олимписки комитети кои ќе испратат свои тимот, заедно со Косово кој ќе дебитира на Олимписките игри.

28 – Спортови кои ќе се одржат во 306 натпреварувања. Ќе дебитира голфот и рагбито.

111 - Години од последното одржување на голфот.

8.400 – Топчиња за бадминтон кои ќе се користат за тренинзите и натпреварите.

7,5 милиони – Влезници во продажба. Организаторите гарантираат дека половина од нив ќе бидат 30 долари или помалку.

40.000 – Места за спиење за атлетичарите, работниците, новинарите и гледачите.

9.58 – Рекордот на 100 метри кој го оствари Усеин Болт на Светското првенство во Берлин 2009 и кој ѕвездата од Јамајка вети дека ќе го сруши.

6 август 2015 - 15:36