Мечот меѓу Младост Добој и Славија Сараево од првата босанска лига ни носи ретко виден, а можеби и прв пример на вака внимателни навивачи кога е во прашање начинот на пцуење. Еден од нив ги прекрши правилата и му се обрати на судијата со зборовите „мајка четничка“. Настана гужва по која навивачите на Младост, Црвена легија самите го исфрлија од стадион бидејќи не дозволуваат навреди на етничка основа.