Спортскиот директор на Сампдорија Карло Ости, заедно со голманот Пуџони положија цвеќе на гробот на поранешниот селектор на Југославија кој почина лани, а друштво им правеа претседателот на Војводина Зоран Шчепановиќ, како и внукот на Бошков.
Заедничката посета заврши во тренинг центарот на Војводина кој е крстен во легендарниот српски стратег, инаку роден во Нови Сад.
Златниот датум за Сампдорија која го освои првото Скудето во Серија А под водство на Бошков е 19 мај 1991 година во време кога во италијанскиот фудбал играа ѕвезди од калибарот на Марко Ван Бастен, Руд Гулит, Франк Рајкард, Лотар Матеус, Андреас Бреме, Јирген Клинсман и Диего Марадона.
Во Италијанските медиуми беше омилен и по неговите изјави како на пример: „Мислам дека твојата глава е добра, само за да носиш капа.“