Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Тежок дебакл на ракометарките на Вардар во Франција

Не само што го загубија првото место од Ференцварош во групата, туку и првпат во Лигата на шампионите примија повеќе од 40 гола. Мец - Вардар 42:28 (19:16).

Мајсторија на Бабунски за делириум на Јокохама

Втор меч, втор гол на Давид Бабунски кој реагираше маестрално на прва на мечот против Сапоро кој го доби Јокохама со 3:0. На македонскиот репрезентативец одлично му тргна во Јапонија, а беше стрелец и на минатиот меч кој го добија со 3:2. 

Феноменалниот Реина во 93-та минута

На првиот меч од 27. коло од Серија А на навивачите на Олимпико во Рим им застана здивот од 93-та минута откако Рома испушти златна прилика за 2:2. Во тоа ги спречи одличниот Реина кој на топка со сменет правец реагираше маестрално. Со оваа победа Наполи се доближи на два бода до второпласираната Рома.

Бледо издание на Вардар, четвртфиналето ќе се брка во Јане Сандански

Ракометарите на Вардар ја прекинаа серијата од три победи по ред во Лигата на шампионите и со овој пораз од Мешков Брест само го одложија денот на заверување на визата за топ 8 фазата.

Занети за драматичното полуфинале од ЛШ во кое Интер ја исфрли Барселона

Сезоната 2009/2010 е историска и незаборавна за секој навивач на Интер. Таа сезона едноставно за нив беше мелем на душа, бидејќи имаа класа играч на секоја позиција и го имаа Мурињо, човекот на кој вечно ќе му бидат благодарни за тројната круна. Пеколното искуство во Барселона го раскажува капитенот.

Ако директорот е Романист, учителкава ќе лета од работа

Овие деца немаа настава во четврток наутро, бидејќи тоа беше ден по победата на Лацио против Рома, а учителката е хард кор навивачка на Лацио, му се допаѓало тоа на некој или не во нејзиниот клас.

Срамен потег на француска атлетичарка

Дека и во кралицата на сите спортови има валкани работи покажа Французинката Флориа Гуеи која подло ја турна Дениса Росолова од Чешка за време на трката на 400 метри. На крај првата дисквалификувана, втората во болница.

Кои се најдобрите тројкаши во историјата на НБА

Со двете погодени тројки од 11 обиди синоќа во поразот од Чикаго, Стеф Кари го надмина Коби Брајант на листата на најдобри тројкаши во историјата и сега е 11-ти. Кои се Топ-10 снајпери во постоењето на НБА?

Милинковиќ ме виде на трибина и ми го подари дресот, а Пандев ми има варено кафе

Римското дерби не е збирно место само за Римјани. Го посетуваат Срби, Хрвати, Македонци, Словенци или поточно од сите балкански земји. Токму еден од нив си замина дома со дрес од стрелецот на првиот гол во Купот, познат како СМС. Го имаме ексклузивно со кусо интервју.

Осврт на дванаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Арбен Нухиу од Униха со 4 гола е прв стрелец во 12. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена Македонски Телеком.

Офанзивата на Денвер Нагетс една од најдобрите во НБА

Немаат суперѕвезда, немаат познати имиња, но нападот го играат на ниво на Голден Стејт. Тимската игра ги направи втор најдобар напад во лигата.

А маскотата кој ја врти а?

Хамбург и Борусија Менгладбах се сретнаа во четвртфиналето од германскиот Куп, но за време на она традиционално поздравување со судиите, желбата на малиот да се ракува со капитенот на гостите остана неостварена поради невнимателноста на Ларс Штиндл.

Надреален гол на Гризман

Атлетико Мадрид одигра 1:1 со Депортиво на гости, а Гризман го постигна голот кандидат за погодок на сезоната во Примера. Можеби најубав гол на годината во Шпанија.

Страшниот пад на Торес

На вечерашниот меч Депортиво - Атлетико Мадрид, напаѓачот на гостите Фернандо Торес при еден дуел со противничкиот стопер незгодно падна и изгуби свест. Буквално сите играчи на теренот занемеа од потресната глетка, а според последните информации состојбата на Торес е добра.

На Рома и лежи фризерот Таљавенто, а на Милан архитектот Рицоли

Речиси сите фудбалски судии имаат своја професија, а судењето им е само тезга во животот. Меѓу нив има комерцијалисти, адвокати, пожарникари, банкари па се до фризери. Ова се сите актуелни судии во Серија А со нивната професија и статистика: на кого му најмногу победи, а на кого порази.

Давам 3.000 евра син ми да стои до Ибрахимовиќ

Во канцелариите на рускиот клуб Ростов се јавил непознат човек којшто побарал син му да биде меѓу децата коишто ќе излезат на терен на почетокот на мечот од Лига Европа Ростов - Манчестер Јунајтед.

Голманска одбрана во кошаркарски стил

Со доза на среќа и одличен инстинкт, голман од аматерските англиските лиги ја направија најчудната интервенција која слободно можеме да кажеме дека беше само чиста случајност и ништо друго.

Премиер лигата се сеќава на Ѓорги Христов

Најгледаната лига на светот не го заборава Битолчанецот кој даде 8 гола во историската сезона за Барнсли во елитното друштво.

Поранешен фудбалер на Лацио во улога на водач на навивачите на римското дерби

Во исполнетата Курва Норд каде беа сместени навивачите на Лацио, синоќа имаше и еден Бразилец кој има освоено два италијански Купови и две Скудета. Но овој пат се појави како страствен навивач. Слика која ретко се гледа во фудбалот.

Драмата на фудбалерот кој ја направи Германија светски првак

Еден од најголемите таленти во историјата на германскиот фудбал и човекот којшто беше кобен по Аргентина и Меси во финалето на Мундијалот 2014 би можел прерано да ја заврши кариерата поради сериозни проблеми со метаболизмот. Сезоната за него е готова.

Мали свесен ли си што направи?

Запамтете го Себастијан Мелгар од Боливија У17 кој и даде гол на Колумбија У17 на кој би се гордеел и Златан. Петица за сите пари и за сите времиња. Ако ова не беше само случајност, сигурно ќе го гледаме во Европа за некоја година.

Еден од најубавите голови во кариерата на Беркгамп

Кога и да се прави топ листа на најатрактивни потези или најатрактивни голови во историјата на Премиер лигата, неизбежно да се стави овој легендарен потег на Денис Беркгамп кој се случи пред точно 15 години на дуелот меѓу Арсенал и Њукасл.

Кога ќе ти избега џојстикот на Сони со Бејл

Реал вчера со тешки маки извади бод дома против Лас Памас. Губеа играчите на Зидан 1-3 дури до 86. минута, а најголем кривец за тоа беше Герет Бејл кој во 47. минута од мечот доби два тотално глупи жолти картони и го исклучија.