Закажаната борба ја објавија и двајцата на социјалните мрежи во средата доцна вечерта, соопшти Yahoo Sports.
Според претседатеот на УФЦ, Дана Вајт, борбата ќе се одржи во T-Mobile Арената во Лас Вегас и ќе биде стандарден бокс меч со 12 рунди и стандардни ракавици. Мејведер ја потврди борбата на Инстаграм а Мекгрегор (28) на својот Твитер напиша “THE FIGHT IS ON“, и стави слика од татко му на Флојд Мејведер, Флојд Сениор како шега за возраста на неговиот ривал кој има 40 години.
Оваа борба е една од најмногу озборуваните и очекуванит затоа што ќе боксуваат најголемиот боксер во своето време Флојд Мејведер (49-0) и без пораз од 1996 до 2015 и шампионот во УФЦ, „Лудиот Ирец“ Конор Мекгрегор кој никогаш не боксувал.
Мејведер е голем фаворит иако Конор беше тој кој почна да го предизвикува Американецот. Атлетската комисија на Невада синоќа го прифати барањето од промотерите на Мејведер за борбата да биде официјално закажана за 26. август.
Мечот ќе биде пренесуван пер-пер-вју а се очекува двајцата борачи да добијат десетици милиони долари само од телевизиските права на мечот. Мејведер во 2015-та заработи 250 милиони само од борбата против Мани Пакијао. Ирецот заработи далеку помалку во кариерата.