Приказна за фудбалскиот пат на Алексис Санчез

Детето од рибарско место кое се прослави во Барса и Арсенал

Алексис Санчез во секој клуб каде што играл бил познат за неговата претерана детинетост. Ден денес сакал да гледа цртани, да игра со играчки, да вози возови на далечински и да шета кучиња. Но тоа не му смета да биде најдобриот чилеански фудбалер.

До аеродром се возеле во тишина. А и што би зборувале? Селекторот на Чиле, Марсело Бјелса кажал сè во соблекувалната: Видал не исполнил ниедна задача, Медел позади во одбраната отворил шеталиште, а Санчез не се борел за ниту една топка.

Ова било во октомври 2008-ма кога по неколкуте победи по ред, Чиле загубил 1:0 од Еквадор во квалификациите за Светско 2010 а ги чекал дуел со Аргентина.

Сите молчеле кога пристигнувале на аеродромот, само Алексис Санчез тргнал меѓу седиштата напред и заиграл брејк-денс. На играчите им било тешко да се воздржат да не се смеат, а Бјелса вриел. Кога Алексис му покажал палец дека се е во ред и пак заиграл, Бјелса се откажал од намерата да му се пушти, се насмеал и аплаудирал. Четири дена подоцна Чиле ја победи Аргентина.

Тоа било во октомври 2008-ма, а во 2011-та Удинезе на Санчез гостувал кај Палермо кој во тоа време беше солидна екипа со Сигиру на голот, со бекот Дармијан, со Пасторе во средината.

Ниту Удинезе не беше слаб: Например Хуан Куадрадо седеше на клупата зошто местото му го зема Чилеанецот Исла. Удинезе после првиот дел водеше 0:5 а Санчез даде три гола. Но ако во еквадорскиот автобус Алексис го порази селекторот, во сицилиската соблекувална беше спортивно.

Франческо Гвидолин на полувреме рекол: „Не е нужно да ги дадете сите можни голови на светот и убедливо да го добиете противникот. Не е нужно да ги потценувате: и да дадете илјада голови, пак ќе земеме три бода. Важно е да чувате сили за следниот ривал.“

Што е ова? Одиме до крај, на глас помислил Санчез а Гвидолин му кажал: ’Ќе ти покажам јас до крај’ и за три минути подоцна го извадил од игра.

ПРВИТЕ ФУДБАЛСКИ ЧЕКОРИ

При првата средба со легендарниот голман Нелсон Тапиа во соблекувалната на клубот Кобрелоа, ветеранот му рекол: „Мали, да не се изгуби, кого бараш? -Не, дојдов на тренинг. ’Епа детската соблекувална ти е право па прва десно’.

Кога го видел на тренинг (првиот пат Алексис му ја протнал топката на Аргентинецот Диего Гвиди меѓу нозе), Тапиа сфатил дека е талент и почнал да пази на него: го пуштал во главната соблекувална на прв тим, го научил да ја дипли опремата и да спрема Цезар салата.

Еден друг ветеран од екипата, стоперот Луис Фуентес му подарил копачки Diadora, поточно прво му ги дал на цимерот на Санчез Франсиско Пифиа но тој се бунел: ’Големи ми се. -Епа дај ми ги мене’, побарал Санчез, ’Ама ти имаш уште помала нога’, -Не е страшно’.

На Санчез тие копачки му делувале како пераи но уште на првиот меч за Кобрелоа дал гол а потоа Nike му дал најнови копачки после рекламата која што ја снимил за нив - шутира топка во ограбувач на банка.

НЕ ТЕ БИВА, НЕ ДОАЃАЈ

Во 2001-ва неговиот сакан клуб Универзидад де Чиле каде симбол беше неговиот идол Марсело Салас (ден денес прославува голови како него), го одбил зошто го сметал за мал и слаб.

Тогаш се појавил скаутот на ривалот Кобрелоа, Карлос Валдебенито којшто сфатил дека малиот има нешто. Чичко му Рамон на Алексис му купил автобуска карта до главниот град Сантијаго и Санчез сам тргнал на пат 500 километри далеку од дома.

Откако цел ден поминал во пат, доцна попладнето дал три гола на мечот со јуниорите на Коло-Коло и го задржале во Кобрелоа.

Првиот важен турнир за млади во Јапонија го пропуштил затоа што за лет од Чиле требала нотарска изјава од родител, но тренерот на Кобрелоа Рикардо Карвахал не ја нашол мајка му која тргувала со риба и не била дома.

(Со биолошкиот татко на Алексис, мајка му се запознала за време на сезонската берба но брзо се оставиле) Кога на крајот ја нашле Мартина Санчез, таа им кажала дека фудбалските права на синот им ги дала на бизнисмените Фернандо Фелисевич и Пабло Таларико и тој морал да остане дома.

СО СКРШЕНА РАКА ИГРАЛ ДВА НАТПРЕВАРИ

На 16 години Алексис отпатувал со јуниорската репрезентација на Чиле на турнир во Парагвај. Селекторот Хорхе Аравена се зачудил кога видел дека Алексис бил единствениот кој не го трошел џепарлакот на себе, туку на гардероба за мајка му.

Во вториот меч од турнирот во Парагвај Алексис ја скршил раката, но ги убедил да не го враќаат и во гипс одиграл уште два меча.

Малиот Алексис светската јавност првпат го виде на младинското Светско првенство во Канада каде Чилеанците стигнаа до полуфиналето, а таму ги чекаше Аргентина со Агуеро и Ди Марија.

Алексис не заигра од почеток поради повреда на рамето, но се појави на 15 минути до крајот кога судијата Волфганг Штарк го исклучил Артуро Видал а потоа и бекот Дагоберто Куримиљо и Чиле изгубил 0:3.

Посл мечот ги чекале стотини навивачи (во Канада после превратот во Чиле 1973 емигрирале околу 100.000 Чилеанци, а многу од нив ја поддржуваа репрезентацијата во Торонто, Монреал и Едмонтон каде се играше Мундијалот за млади играчи). Полицијата им забранила на играчите да се приближуваат до навивачите кои биле гневни поради поразот, тие не послушале и почнала ноќна мора. Полицијата почнала да ги турка на сила играчите во автобусот, но таму не можело да се дише затоа што еден навивач фрлил солзавец.

Немале што да прават, почнале да се гушат и ги скршиле прозорите за да скокнат на улица а таму ги чекала полицијата која не знаела кој е навивач а кој играч.

Во тој момент Алексис си ја чешлал косата пред огледалце: „Санчез, како и секогаш последен излезе од соблекувалната. Четири полицајци го грабнаа и го ставија на земја. Викаше дека рамето му е повредено и го боли, но канадската полиција не го разбираше. Плачеше од болки, но нив им беше гајле“ се сеќава во книгата за Санчез, вториот тренер на младинците на Чиле тогаш, Родолфо Дубо.

 

СЕЛИДБА ВО ИТАЛИЈА

Веднаш по Светското за Алексис се распрашувале многу клубови од Европа, а на крајот аргентинските агенти Фелисевич и Таларико му договориле трансфер во Удинезе, но тој се уште не бил полнолетен па Удине го вратил на позајмица во Коло Коло.

На првиот тренинг Алексис се појавил во сино-црвени копачки со кои го збеснал тренерот Клаудио Борги. Синиот цвет е симболот на Универзидад, смртниот ривал на Коло Коло.

Еднаш Артуро Видал се појавил на тренинг со копачки во разни цветови, па Борги го избркал од тренинг. Алексис ги воодушевувал новите соиграчи со инфантилизам. Им рекол дека не знаел колку тежи трансферот во Удинезе и дека вечерта не излегува, ќе го гледа цртаниот Super Campeones.

На 14 ноември 2007 година родниот крај на Алексис, Токопиља доживеа страшен земјотрес: за четири минути се разруши пола град, мајка му Мартина била повредена и останала без домот направен од глина и слама.

Сестра му го замолила да не доаѓа, но тој и онака не играл поради повреда и стигнал во Токопиља за неколку дена. За реновирање на домовите на своите блиски дал двеста милиони чилеански пезоси (околу 300 илјади евра). Дедо му Хозе, татко на мајка му, починал од рак неколку години после земјотресот. Токму дедо Хозе му ја пресадил љубовта на Алексис за фудбалот и за Универзидад.

АНЕГДОТАТА СО ПАСОШОТ НА АЕРОДРОМ ВО БУЕНОС АИРЕС

По младинскиот Мундијал, Санчез дошол во Ривер Плата каде го тренирале Даниел Пасарела и Диего Симеоне. Потпишал договор со Ривер и на мечот со Тигре се повредил после дуелот со Бленхио. Кај Пасарела не играл многу, а со Симеоне стана шампион на Аргентина.

Во репрезентацијата го тренираше друг Аргентинец, Марсело Бјелса.

Еднаш пред пријателски меч во Јужна Африка, селекторот на Чиле Бјелса побарал од помошникот Едуардо Берицо до аеродром во Буенос Аирес да префрли двајца играчи - Санчез и Валдо Понсе од Велес Сарсфилд. 

Пеколен тандем со Фалкао во Ривер Плата

Кога тројцата стигнале на аеродром, Алексис приметил дека му истекол пасошот. Берицо кренал паника, но Санчез го смирил: Сега ќе средиме.

Се приближил кај офицерот за миграциона служба и го прашал: „Друже, ти гледаш фудбал? -Да! ’За кого навиваш’? -За Ривер! ’Епа гледај кого имам со мене’ и го викнал големиот Берицо. „Пред тебе стојат две ѕвезди на Ривер! Големиот Берицо го знаеш! Должен си да не пуштиш без пасошот“.

Офицерот веднаш го однел во кабинет и таму му го продолжил датумот на траење. За неколку дена Чилеанците ја победија Јужна Африка 2:0 а резултатот знаете и сами кој го отвори. 

Неколку месеци подоцна, малиот Алексис го даде победничкиот гол против Колон, гол којшто на Ривер Плата и ја донесе шампионската титула. Санчез тогаш влезе во вториот дел место Диего Буонаноте и за десет минути го постигнал златниот гол после кој навивачите грмеле: „Chileano Chileano" (Чилеанецот, како на Салас на средината од ’90-те години).

Салас му помогнал на Алексис да научи италијански кога дошол во Серија А. Првите две сезони таму Санчез ги одигра како крилен напаѓач и даде осум гола, но Удинезе не сакал да го продаде во клубови од Русија и Франција и го оставил и трета сезона. Новиот тренер Гвидолин му дал целосна слобода во нападот заедно со Ди Натале.

После третата сезона во Удине, клубот кој го купи за три милиони, го продаде малиот Чилеанец во Барселона за 26 милиони евра плус бонуси!

Втор претендент за Санчез беше Манчестер Сити, чијшто поранешен скаут Бари Хантер (сега во Ливерпул) го состави најинтересното досие за него коешто подоцна го објави FourFourTwo:

Датум: мај 2011-та

Место: Удине, северо-источна Италија

Цел: Алексис Санчез

15:00 - Последен го напушти тренинг центарот. Влезе во спортски автомобил Audi R8. Помуабети со вработен во базата и излезе од паркингот.

15:20 - После неколку минути дома, излезе на улица со две големи кучиња (обете светли лабрадори) и шеташе низ градот. Секаде одеше во клупските тренерки.

16:30 - Игра тенис со другар му. Заслужено победува.

17:50 - Посетува ресторан во центарот на градот со девојка му. Нарачува лангустини и салата (без масло). Пие минерална вода.

19:25 - Нарачува кафе (без десерт). Сметката ја плати во готовина. На излезот даде автограми и се сликаше со навивачите.

20:15 - Дома свири на пијано (непозната мелодија)

21:30 - гаси светло и легнува да спие.

Неколку месеци после преминот во Италија, Удинезе му гостувал на Милан. Алексис го заменил Флоро Флорес при резултат 1:5, но после пет минути на теренот наместо Пато влезе Шевченко. По мечот, Санчез му признал на Шева: ’Ја играв со тебе на PlayStation и многу голови ми даваше’.