Донарума го прекрстија во Доларума

Фудбалерите на Италија У-21 со триумф од 2:0 против Данска стартуваа на младинското Европско првенство во Полска. За чуварот на голот на Италијанците имаше една непријатна ситуација поради која беше неопходен прекин.

Навивачите на Милан не можат да се помират со одлуката на Донарума што одби да го продожли договорот со клубот, кој му даде шанса да дебитира во Серија А на 17 години.

Во знак на револт подготвија транспарент со натпис „Доларума“ кој го извадија на синоќешниот дуел меѓу Италија и Данска, а во еден момент го преплавија неговиот гол со лажни долари.

Агентот на Донарума, Мино Рајола изјави дека ја презема вината за неговото заминување и побара да го остават на раат, бидејќи дека неговото семејство добило смртни закани.

 

 

19 јуни 2017 - 09:58