Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Хероите на Далиќ го повторија историскиот успех на Бобан, Шукер и дружината

По 120 минути драматичен фудбал во Сочи и вкупно 4 гола од кои 2 во продолженијата, златната генерација предводена од Модриќ, Ракитиќ, Манџукиќ, Перишиќ...е меѓу најдобрите четири селекции во светот. Тоа е истиот успех од СП Франција 1998.

Англија во полуфинале на Светско после 28 години!

Дури осум од десет гола Англичаните на ова Светско постигнаа после прекин. По Стоунс против Панама, сега и вториот висок стопер Хари Мегвајер се запиша во листата на стрелците. Англија ќе го чека во полуфинале подобриот од мечот Русија - Хрватска (20 часот).

Еуфоријата во белгиските градови

Белгија е во полуфинале на Светско првенство првпат после 1986-та година. Откако го збришаа и петкратниот светски првак и закажаа мега-дерби со Франција во полуфиналето, славјето ширум земјата траело цела ноќ.

Како се појавила хрватската шаховница?

Шаховницата на хрватскиот дрес е една од најнестандардните и најнеобичните во фудбалот. Но самата идеја за неа не е поврзана со љубовта на нацијата кон шах, ниту со мејнстримот на толпата.

Испадна и Бразил, Куртоа ја спаси Белгија

Четврт пат по ред светскиот шампион ќе биде од Стариот континент. Белгија го совлада Бразил со 1:2 и ќе игра против Франција во полуфиналето.

Суарез за прв пат на Светско не ја допре топката во шеснаесетник

Селекцијата на Франција ја оправда фаворитската улора против Уругвај кој без повредениот Кавани беше драстично ослабен во напад. Составот на Дешамп вечерва ќе го дознае противникот во полуфиналето, а тој ќе биде Белгија или Бразил.

Манирите на El Maestro, професорот селектор на Уругвај кој владее со ботаника

Селекторот на Уругвај, 71-годишниот Оскар Табарез е една од најмаркантните фигури на Светското 2018. Имасериозен здравствен проблем (синдромот Гијен-Баре), но тоа не му сметаше да го внесе Уругвај во четвртфиналето и да го исфрли Кристијано Роналдо од Светското првенство.

Најтрогателната приказна на Мундијалот

Мексиканецот Гилберто кој до сега бил на пет Светски првенства, шестото го доживеа најтажно што може. Застана пред Бољшој театарот во Моксва за што сонуваше ќерка му, беше до Сант Петербург со воз како што сакаше жена му и доби потпишан дрес од Нејмар за син му.

Зошто на дресот на Франција има петел?

И покрај тоа што некои француски лидери не го сакале, сметајќи дека не е доволно маркантен за да биде национален симбол, петелот низ вековите ја сочувал својата гордост, и денес важи за препознатлив амблем на оваа земја и на нејзините „галски петли“.

Што ако сум газда, од Велс до Македонија ќе шибам со кола

Фудбалерите на Шкендија за пет дена го играат првото квалификациско коло за ЛШ, а првиот човек на нивните противници е веќе на пат за Скопје. Малку им прегреа џипот по пат, ама за сега добро тераат, барем во првите два од петте дена пат кои ги испланирале. Каков шампион.

Кога Русите им даваа Мерцедеси на Хрватите зошто ги однесоа на Европско

Поминаа 11 години од една од најголемите победи на Хрватска во историјата на нивниот фудбал. Ја шокираа Англија на Џерард, Лампард, Фердинанд и Крауч среде „Вембли“ и ги оставија без пласман на Европско.

Што ќе гледаме денес на Светското?

Четврфиналната програма започнува со дуелот Франција - Уругвај. Победникот од овој меч во полуфинале оди на подобриот од Бразил - Белгија. Отсутни повредениот Кавани и „пожолтените“ Каземиро и Матуиди.

За секој случај да не падне

Бразил е во четвртфинале, а патот до големото финале е тежок и исцрпувачки, па некои луѓе мислат на сè. Мора да го чуваат човекот, лидер им е.

Каков капитенски потег на Икарди

Интер лека полека го крчка составот за Лига на шампиони и на тема засилувања за сега е на одличен пат. Дел од навивачите беа скептици дека Икарди е дораснат за капитенската лента, ама со потегов ги купи сите.

Животот на една фотографија

Во 2005 година малиот Хари Кејн со една негова другарка и уште неколку деца се сликаат со капитенот на Англија Дејвид Бекам. 13 години подоцна, Кејн е капитен на Англија и најдобар стрелец на Светското а девојчето од сликата е негова сопруга со која има дете.

Реакција на Англичани кои во авион дознаа дека победиле на пенали

Некои во земјата, некои во Русија на стадион, а некои на 30.000 метри горе, во авион на пат за Ибица. Стјуардесата и пилотот јавуваат што се случило во осминафиналето против Колумбија.

Песната на која англиските навивачи полудуваат и секаде ја грмат

После години и години разочарувања од многу генерации меѓу кои и онаа златната на Џерард, Тери, Лампард, сега англиските навивачи конечно гледаат свежина и младост спремна да им го донесе трофејот кој го чекаат 

Бомба во школото на ќерка ти за трансферот во градскиот ривал

Јужноамериканците се фанатици за навивање, ама кога ќе им стапнеш на жуљ не бираат средства како да ти вратат. Тие одат до таму што играч може да си рече батали фудбал, од утре одам во пензија после оваа лудачка закана.

Од сигурна смрт до стартер за Бразил на Светско првенство

Меѓу подобрите играчи на Бразил на Светсково се најде и Фагнер, десниот бек за кого светот слушна од списокот на селекторот на Тите. Никогаш претходно.

Еден е Федерер

Роџер Федерер се пласираше во третото коло на Вимблдон откако го совлада Лукаш Лацко со 3:0, а со тоа веројатно го постигна и најатрактивниот поен на годинашното издание на најелитниот грен слем турнир. Потегот за чудење кај публиката се нарекува „дроп-шот“. Следен месец ќе наполни 37 години. Прво: Човеков е доктор за тенис. Второ: Не старее.

Претседателката на Хрватска гледа Светско од трибини со обичниот народ

Иако голем дел од владите на Европската унија решија да го бојкотираат Светското во Русија, највисоки претставници на некои земји како Шведска и Хрватска, отпатуваа во живо да го следат Мундијалот.

Најновата лекција во фудбалската академија на Нејмар

Во овие два празни дена без фудбал, оние кои се потрудија да ја одржат еуфоријата за да не спласне, се занимаваат исклучиво со хумор наречен Нејмар.