Како се појавила хрватската шаховница?

Шаховницата на хрватскиот дрес е една од најнестандардните и најнеобичните во фудбалот. Но самата идеја за неа не е поврзана со љубовта на нацијата кон шах, ниту со мејнстримот на толпата.

Шаховницата е поврзана единствено со историјата на земјата.

Зад дизајнот на хрватската шаховница стои академскиот уметник Мирослав Шутеј (почина во 2005 година).

На почетокот на ’90-те години, кога Хрватска за залагаше за независност по распадот на Југославија, Шутеј соработувал со властите и добил еден куп работа. Требало да го нацрта грбот на Хрватска кој ќе соди на банкноти, на монети и на комплетите спортска опрема.

Лидерите на новата независна држава сакале да ја возобноват националната култура, потпирајќи се на историјата и народната траиција. Истражувачот Стјуарт Хоџс од британскиот универзитет Суреј ги реконструирал тие денови.

Првиот претседател на независна Хрватска, Фрањо Туѓман сериозно работел на изработка на државната симболика, собрал стручна комисија која што ја водел професорот на историја на загребскиот универзитет Никша Станчиќ.

Тој бил првиот кој ја формулирал хералдиката што ја барала власта.

„Ние не бевме должни да ја направиме формата и изгледот н а грбот. Ние само им дававме на политичарите стручни совети за правилата на хералдиката и претставивме концепт. Јас ги претставив предлозите до претседателот на парламентот Домљан, а грбот го нацрта сликарот Мирослав Шутеј“, се сеќава Станчиќ.

На Шутеј му предложиле да ги обедини историските црвено-бели коцки и амблемите на најголемите хрватски региони.

„Никој од нас претходно не работел на национални симболи, ниту парламентот, ниту јас. Јас направив повеќе од сто скици - од современ минимализам до барок. Претставниците на парламентот прифатија еден од моите предлози. Следниот ден скицата на грбот весниците ја објавија како готова варијанта“, раскажувал Шутеј.

Актуелниот грб на Хрватска е штит, на кој во шаховен ред се распоредени 25 црвени и бели квадрати (во хералдиката овој узор го нарекуваат „шаховница“). Врвот го украсува круна која се состои од пет полиња - а во нив историските грбови на Хрватска, Република Дубровник, Истра, Далмација и Славонија.

Со црвено-белиот шаховски штит кој често го краси дресот на хрватската фудбалска репрезентација е поврзана една легенда. Тој е познат о времето на независното Хрватско кралство (ХI век).

Постои легенда која вели дека хрватскиот крал Држислав кој водел војна за Далмација со венецијанскиот дужд Пјетро II Орсело, бил заробен и го затвориле во самица. Орсело кога дознал дека заробениот крал многу сакал да игра шах, му предложил: да играат шах и ако Држислав го победи три пати по ред, тој ќе го ослободи (и по некои верзии ќе ја ослободи Далмација).

Кралот три пати победил во шаховски партии и го ослободиле. Во сеќавање на големите победи, Држислав ставил шаховница на амблемот на хрватското кралство.

Подоцна низ историјата шаховницата била на грбот на земјата насекогаш и секаде па дури и во социјалистичкиот период (од 1945 година до ослободувањето). Во 1991 година шаховницата ја поместиле и на знамето на Хрватска - заедно со југословенската ѕвезда.

***

Во 1987 година репрезентацијата на Југославија до 21 година го освоила Светското првенство во Чиле (фамозните “Чилеанци“). Во составот била најталентираната хрватска генерација: Роберт Јарни, Звонимир Бобан, Давор Шукер, Игор Штимац и Роберт Просинечки.

На Светското 1990 година неколку фудбалери од оваа младинска генерација влегле во составот на Југославија. На пример Просинечки следната 1991 година беше еден од најзаслужните што Црвена звезда стана европски и светски шампион и се пресели во Реал Мадрид.

Во составот на Југославија на Мундијалот во Италија имаше 5 Хрвати кои заедно со останатите стигнаа до четвртфиналето на Светското 1990.

****

Фудбалската независност Хрватска ја доби во 1992 година. На ранг листата на ФИФА биле 125. место. Уште тогаш носеле дресови дизајнирани со шаховницата изработена од Шутеј.

„Кога играв за Југославија, тоа ништо не ми значеше. Ми беше како спорт и ништо повеќе. Сега тоа чувство не може да се спореди со ништо. Сега можеме и мислиме и зборуваме дека сме Хрвати. Претходно не живеевме така“, изјваил еднаш Игор Штимац.

Дресот на Хрватска за Светското 2018 го изработи Nike:

На првиот голем турнир - Европското 1996 година Хрватска стигна до четвртфиналето (несреќно загуби 1-2 од Германија) а во групата претходно ги прегази Данците кои беа актуелни европски шампиони со 3-0.

Шукер го постигна третиот гол кога го матираше Шмајхел и влезе во историјата како стрелец на еден од најубавите голови на тоа Европско. Две години подоцна следеше Светското 1998 во Франција а таму Хрватска блесна - ги потопи Германците со убедливи 3-0 и го освои бронзениот медал за трето место на свет.

Вечерва од 20 часот Хрватска ќе игра за да го повтори најголемиот успех во својата историја кога стигна до полуфинале на Светско првенство. Противник им е домаќинот Русија во четвртфиналето.