Напаѓачот на Интер им се јавил телефонски на сите нови засилувања кои летово пристигнаа во Милано за да им каже добредојдовте и за да им пренесе дека едвај чека да почне да работи со нив.
И не само тоа, туку им понудил и помош за да најдат куќи, школо за децата и слични такви работи. Колку само добар капитенски сенс на Аргентинецот со кој никогаш нема да дознаеме како ќе функционираше нападот на Гаучоците во Русија.
Интер до сега се засили со Стефан Де Врај, Раџа Наинголан, Квадво Асамоа, Лаутаро Мартинез и Матео Политано и ќе игра на три полиња (Серија А, Куп на Италија и Лига на шампиони).
25 годишниот Икарди стана капитен на Интер пред стартот на сезоната 2015/2016 на местото на Андреа Ранокиа.
Тој е лидер во нападот на Нероаѕурите со вкупно 107 гола во пет сезони, а минатата сезона постигна 29 погодоци и заедно со Чиро Имобиле беа најдобобри стрелци во Серија А.
Точно е дека Аргентина не знае кого попрво да стави во игра во таа страшна напаѓачка конкуренција, која не ни ја искористи селекторот како што треба, ама за Мауро кој игра во топ форма реакциите што не го повикаа беа на место.
Капитенскиот потег на Икарди е лекција и за постарите.
CdS - #Icardi has phoned all five of #Inter's new arrivals to welcome them to the club and tell them he's looking forward to working with them. he's also offered to help with whatever they need as they arrive in Milan (looking for houses, finding schools for kids etc.) 🇦🇷⚫️🔵 pic.twitter.com/bERa7G7zLv
— Serpents of Madonnina (@SerpentsOfInter) July 5, 2018