600 голови ти седеа на клупа

Иако случајот Аргентина е веќе завршена приказна и играчите веќе на големо си ги ладат по тоа јахтите, сепак реакции за нелогичностите во тој чуден табор има уште и скроз се на место, особено кога ќе види човек какви црепови држеа место во прв тим.

Последен кој реагираше јавно и со директна критика кон селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли е таткото на Игуаин и тоа со право, особено откако ќе ви покажеме некои бројки за кои зборува тој.
„Јас навистина не знам кое е логичното објаснување на селекторот кое може да го даде. Не знам зошто Аргентина играше со лажна 9-та против Франција. Сампаоли си има свои причини, но понекогаш е тешко да се разберат. Имаш двајца играчи (Игуаин и Агуеро) со вкупно 600 голови заедно и не го играш ниту едниот. Ако не ти се допаѓа едниот, играј го другиот“, вели Игуаин сениор.
Со Исланд Агуеро беше стартер, а Игуаин влезе во 84-та.
 
Со Хрватска Игуаин влезе место Агуеро во 54-та.
 
Со Нигерија Игуаин беше стартер, а Агуеро влезе во 80-та.
 
Со Франција Агуеро влезе во 66-та, а Игуаин не ни заигра.
 
Минутажата на Дибала? Имаше еден добар твит за него кој вели вака:
Дибала даде повеќе голови изминатава сезона (26), отколку што одигра минути (22) на ова Светско првенство.
Се работи за мечот против Хрватска, единствената шанса која му ја даде Сампаоли кога го стави во игра место Перез во 68-ма минута.
 
А сега да ги видиме споредбите во бројки, Игуаин и Агуеро со Павон и Меца, незаменливите пулени на Сампаоли.
 
22 годишниот Павон од Бока Јуниорс беше стартер против Франција и влезе на сите три меча во групна фаза од клупа, а Меца два пати беше стартер и два пати го внесоа од клупа. Што значи Сампаоли ниту на еден меч не се реши без нив.
 
А едни голгетери, што ви да ви кажуваме. Рекорден број на првенствени голови на Меца во една сезона му се 5. Значи да повториме, пет.
 
 
А на Павон 10.
 
 
Игуаин и Агуеро заедно во кариера имаат 605 голови.
 
 
А Дибала 106, односно двојно повеќе од Меца и Павон заедно.
 
 
Икарди па не го ни викна, а сезоната во Серија А ја заврши со 29. Што чека Сампаоли со оставката? 
5 јули 2018 - 12:30