Во второто четвртфинале од Светското првенство, Белгија го елиминираше Бразил кој после Уругвај е втората и последна селекција од Јужна Америка која заминува дома пред полуфиналето. Белгијците одиграа одлично во одбраната против „кариоките“ кои беа прв фаворит за златото.
Мундијалот во Русија ќе се памети и како прв во историјата на кој ниту Бразил, ниту Германија, ниту Аргентина не стигнале макар до полуфинале.
4 - Brazil have now been eliminated by a European nation in each of the last four editions of the World Cup (France 2006, Netherlands 2010, Germany 2014 and Belgium 2018). Exit.#WorldCup #BraBel #Bra #Bel pic.twitter.com/cSAzbQX1q8
— OptaJoe (@OptaJoe) July 6, 2018
Иако Бразил вечерва тргна офанзивно, „црвените ѓаволи“ чекаа контри и ги дочекаа. Најрпвин во 13’ минута по една брза контра добија корнер, а по центаршутот Фернандињо си даде автогол:
Петкратниот светски шампион тргна по израмнување мошне отворено и тоа ги чинеше нов гол во нивната мрежа. Лукаку прими една топка на својата половина, неверојатно брзо повлече контра и феноменално го преигра Де Брујне кој од дваесетина метри распали и го совлада немоќниот Алисон за 0-2:
2 - No side has ever won a World Cup game in which they’ve been trailing by two or more goals at half-time. Obstacle.#WorldCup #BRABEL #BRA #BEL pic.twitter.com/5kfYRFsF9T
— OptaJoao (@OptaJoao) July 6, 2018
Во вториот дел селекторот Тите направи неколку измени, ги внесе Фирмино, Даглас Коста и Ренато Аугусто кои донесоа живост во играта. Токму последниот даде прекрасен гол со глава во 76’ минута за 1-2 и нова надеж на Бразилците:
Тргна „селесао“ во последен јуриш по израмнување, но Кутињо и Ренато промашија идеални прилики после што Белгија мирно го доврши мечот и оди во полуфиналето каде ги чека Франција.
Шансата на Нејмар пред самиот крај кога Куртоа неверојатно одбрани: