Мексиканскиот адвокат Гилберто Мартинез се појави пред стадион со четири акредитации на вратот, но отпатува во Русија сам.
Сон му беше да го гледа Светското првенство со неговото семејство. Со сопругата Вероника и неговите деца Диего 8 и Миа 6. Имаа резервирано превоз и сместување.
Но на 28 април се случи трагедија. Вероника замина со децата да го посети брат и во Мајами. Во нив удрил џип кој возел со 150 км на час. Сите загинале со се нејзиниот брат.
Џилберто побарал помош од психолог кој го убедил да патува на Мундијалот. Тој се појави на првиот меч против Германија, а со него ги носеше сите четири акредитации.
После победата на Мексико доби смс порака со текст: Ова беше за твоето семејство.
Пораката му ја испрати голманот на Мексико, Гиљермо Очоа.
Гилберто беше и на натпреварот Бразил - Коста Рика, а карти за тој меч купил поради тоа што син му Диего сакал да го гледа во живо Нејмар. Но тој никогаш не доби шанса за тоа.
И покрај трагедијата, на Гилберто му помогна фудбалот барем за момент да избега од неговите тешки мигови.
Под видеото во кое е раскажана неговата приказна има преку 4.000 коментари.