Таг: гиљермо очоа

Маестралната парада на Очоа против Нејмар во 2014-та

Со видео преполно со спомени и емоции, 41 годишниот Гиљермо Очоа му кажа збогум на фудбалот. Зборуваме за еден од тројцата ликови со неверојатни шест Мундијали. Пружи незаборавни партии, а незаборавна ќе остане онаа против домаќинот Бразил на СП 2014, кога благодарение на него Мексико остана непоразен.

Легендарниот голман со шест Мундијали со тешко срце се повлекува

Гиљермо Очоа со тазе наполнети 41 година, оди во пензија после 22 години кариера. Одлуката ја соопшти со емотивно видео, преполно со спомени изградени за време долгото фудбалско патешествие.

Одбранетиот пенал на Oчоа низ објективот на школо во Мексико

Гиљермо Очоа важи за легенда на Мексико и еден од малкумината во историјата на фудбалот со учество на пет Мундијали. 37 годишниот голман на мексиканскиот клуб Клуб Америка кој има 132 настапи за репрезентација, синоќа му фати пенал на Левандовски за Мексико - Полска конечни 0:0. Погледнете ја радоста на децава.

Најтрогателната приказна на Мундијалот

Мексиканецот Гилберто кој до сега бил на пет Светски првенства, шестото го доживеа најтажно што може. Застана пред Бољшој театарот во Моксва за што сонуваше ќерка му, беше до Сант Петербург со воз како што сакаше жена му и доби потпишан дрес од Нејмар за син му.

Зошто Очоа носи број 13?

„Ја одбрав 13 - та затоа што ми носи среќа. Не знам дали е суеверие, но роден сум на петок 13 во 13 часот. На 13. јули дебитирав на Мундијалот во 13 часот по локално време. Се надевам дека ќе бидам успешен како Кабаљеро и ќе станам миленик на навивачите“ - вели Очоа, кој како слободен играч дојде во Малага. Мексиканецот лани во Ајачио прими 72 гола на 32 меча, но подоцна блесна на СП во Бразил.

Сите одбрани на Очоа

Мексиканскиот голман кој сигурно ви ги помати сметките во кладилница е најдобриот чувар на голот на досегашните 17 меча на Мундијалот. Скаутите кои ја скенираа неговата игра ќе се тепаат за него, затоа што договорот со Ајачио му истече и сега чини 0 евра.