„Ја одбрав 13 - та затоа што ми носи среќа. Не знам дали е суеверие, но роден сум на петок 13 во 13 часот. На 13. јули дебитирав на Мундијалот во 13 часот по локално време. Се надевам дека ќе бидам успешен како Кабаљеро и ќе станам миленик на навивачите“ - вели Очоа, кој како слободен играч дојде во Малага. Мексиканецот лани во Ајачио прими 72 гола на 32 меча, но подоцна блесна на СП во Бразил.