Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Домот, историјата и создавањето на Јувентус

Посетата на најзначајните локации од историјата на Јувентус е како да се оди на турнеја низ колективната меморија на навивачите, но исто така тоа е начин со кој подлабоко ќе ја разберете историјата на клубот и градот. Тоа е совршен начин да се каже среќен 121 роденден Јувентус.

Приказната за новиот-привремен тренер на Реал Мадрид

Многумина го паметиме како фантастичен техничар и брзо лево крило кое се прослави на „Сантијаго Бернабеу“ а и како човек кој ја почна акцијата за феноменалниот гол на Зидан со Леверкузен во Лига на шампиони.

Наградата за најзабавен тим ја заслужува Баерн Минхен

Фудбалерите на Баерн Минхен треба да држат лекции по билдање на тимски дух. Покрај стандардно забавните тренинзи и глупирања во соблекувална, Рибери може да го начекате како плаши луѓе од излог во продавница, а Милер си поигрува со коњ. Момците освен што се газди во Бундеслигата со шест титули по ред, цареви се и кога не играат фудбал.

До вчера си го бирал на Плејстејшн, сега се чувате под кош

Најдобриот млад европски кошаркар во моментов, Словенецот Лука Дончиќ одлично се снаоѓа во НБА. На овогодинешниот драфт Лука беше избран од Атланта Хокс како 3. пик но брзо го пратија во Далас Маверикс во замена за 5. пик на драфтот Треј Јанг.

Дерик Роуз е жив - постигна рекордни 50 поени и се расплака

Еден од најталентираните кошаркари во современата историја на НБА, Дерик Роуз, кој беше МВП во 2011-та, после години и години тешки повреди, синоќа ја одигра партијата на кариерата и доби честитки од соиграчите и ривалите.

Два баш смешни автогола на Челси - Дерби

На „Стемфорд Бриџ“ синоќа се врати една од најголемите икони во клупската историја на Челси, Френк Лампард, како тренер на Дерби Каунти. Се играше дуел од Лига Купот, „Сините“ славеа 3:2 а гостите си дадоа два комични автоголови.

Татко му направил на син му соба како соблекувална од омилениот тим

Во Англија има место каде се случуваат чуда: Прентон (приградска населба на Беркенхед, на половина час возење до Ливерпул). Локалната гордост е клубот Транмере Роверс кој игра во четвртата лига.

Барези, Малдини и Костакурта икаат кога ја гледаат одбраната на Милан

Милан сезонава има примено 14 гола, еден помалку од СПАЛ, ама тоа не е најголемиот проблем, туку тоа што се во лоша низа последен пат видена пред Втората Светска Војна. Газуто нешто затаил со заушките.

Необичниот град во Африка каде Реал Мадрид гостуваше во шпанскиот Куп

За да одигра натпревар од осминафиналето на Купот на Шпанија, Реал морал да ја напушти земјата, да прелета преку Средоземно море и да се најде во Африка каде игра малото клупче Мелиља. На крајот, после повеќечасовен лет, Реал славеше со 0:4 а реваншот во Мадрид се игра на 5 декември.

Најмрачниот Халоувин во италијанскиот фудбал

Баталете ги хорор фацките за Ноќта на вештерките. Пострашна маска од оваа за италијанскиот, а особено за римскиот фудбал нема и не може да има.

Во електричното дерби ЕВН поуспешни од МЕПСО

Екипите на Макпетрол, ЈСП и ЕВН славеа победи во третиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Ромањоли од трагичар до херој против Џенова

Стоперот на Милан Алесио Ромањоли успеа да ги лобува и двата голмани на дуелот Милан - Џенова, но за среќа вториот атрактивен лоб му се случи во противничкиот гол и тоа во 91-ва минута. Со тоа Милан славеше над Џенова со 2:1 во заостанат меч од Серија А. Пандев влезе во 85-та минута.

Освојувачот на Светско првенство Винченцо Јаквинта осуден на 2 години затвор

Поранешниот напаѓач на Јувентус и репрезентацијата на Италија Винченцо Јаквинта денес е осуден поради поседување огнено оружје и соработка со мафијата Ндрангета.

Фудбалскиот тим е како оркестар во кој не е секогаш крив диригентот

Хуан Рамон Лопез Каро е поранешен тренер на Реал Мадрид кој дава доста фино и логично објаснување во однос на отпуштањето на Лопетеги. Разбирливо е да застане во одбрана на својата фела, ама па муабетот му држи вода. Играчите стварно се тапа со формата.

Иживувањето на Барса против Реал од навивачки агол

Нема послатко од тоа клубот против вечниот ривал да ти води убедливо и истовремено да го работи како сака и колку сака. А ти си гледаш, си снимаш и се ситиш, па уште го фаќаш на мобилен и голот за 5:1. Кој знае колку им е убаво кога го прават ова.

За љубителите на теории на заговор - чуден гол од Русија

Не, не е ништо за ЦИА, Ватикан, Папата, масоните и илуминатите. На меч од руската втора лига меѓу екипите на Волгар Астрахан и Спартак од Владивосток, стоперот Роман Локтионов дал ист гол како и пред седум години против ист противник, од исто место и во исто време.

За наградата гол на годината Пандев се јаде со голман

Капитенот на македонската репрезентација е се поблиску до освојувањето на наградата за гол на годината во Серија А. Најголемата битка ја води со голманот кој му даде епски гол на Милан. Да му помогнеме на Горан да се искачи на тронот.

Надал и Ѓоковиќ ни криви ни должни во конфликтот на Западот со Саудиска Арабија

На 22 декември во Саудиска Арабија ќе се одржи најголемиот тениски настан во историјата на оваа земја: Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ треба да одиграат ревијален натпревар во Џеда, економскиот центар и втор град по големина во земјата. Но...

Во Лестер недостасуваат букети цвеќиња, сите се простуваат од сопственикот

Во вторникот, три дена откако хеликоптерот на сопственикот на Лестер се сруши и притоа загинаа тој и уште четири лица, непрестано се носат цвеќиња на местото на хаваријата, веднаш до стадионот „Кинг Пауер“.

Анегдотата за Ферарито на Марадона кое го имале уште Џордан и Сталоне

Аргентинскиот виртуоз со топката вчера наполни 58 години. Анегдотите кои произлегуваат од неговиот незгоден карактер немаат крај. Сакал да врати назад Ферари кое го имале уште двајца во светот само затоа што немало радио.

„Ноќ на вештерките“ за фудбалерите на Интер

Нема година а датумот на „Ден на вештерките“ да не биде искористен за заебани пранкови во големите европски клубови. Така беше и во Апијано Џентиле, тренинг базата на Интер каде го окркаа Борха Валеро, Падели и Кандрева.

Газдата на Интер е 26-годишен Кинез кој сака да го престигне Јувентус

Во портфолиото на најмладиот претседател во историјата на Интер, 26-годишниот Жанг, стои дека завршил на Универзитетот Пенсилванија, дека работел во инвестициската банка Morgan Stanley и дека беше потпретседател, а од скоро претседател на Интер.

Столе дебитираше за Рајо и прими два гола

Додека офанзивците на македонската репрезентација (Трајковски, Пандев, Несторовски, Тричковски) играат добра сезона и даваат голови, нашиот прв голман Столе Димитриевски синоќа го имаше дебито за својот клуб Рајо Ваљекано и прими два гола.

Лесно е во Европа, биди судија во Јужна Америка

Ривер Плејт е чудесен финалист во Копа Либертадорес откако направи подвиг и после поразот дома од Гремио со 0:1, синоќа славеше сред Бразил со 1:2 со голови во 82’ и 90+5’ минута (од пенал).