Претходно најголемите тениски ѕвезди на денешницата не играле таму.
Рафаел и Новак го ретвитнале на своите профили соопштението на министерот за спорт на Саудиска Арабија, Турк ал-Шеик од 7. октомври и пишале како се радуваат што ќе играат во оваа земја.
Ѓоковиќ дури и го нарекол настанот прекрасен.
Но брзо потоа голем дел од јавноста побара од Србинот и Шпанецот да ги разгледаат одлуките уште еднаш затоа што во Саудиска Арабија не се почитуваат човековите права (особено на жените и малцинствата) и постои жестока борба со неистомислениците.
King Salman Tennis Cup… The World Two Champions in the Biggest Competition
— تركي آل الشيخ (@Turki_alalshikh) October 7, 2018
🇸🇦 🇸🇦 💪 pic.twitter.com/PqWVCG18nT
Западните институции за слободни општества критикуваат многу земји во кои се одржуваат вакви богати тениски турнири: на пример Кина (таа има спор со Тајван а во Кина гоиднава се одиграа четири големи машки и девет женски турнири од кои еден од календарот на WTA).
На удар на критики се и Катар (во Доха секоја година се играат топ турнири и во машка и во женска категорија), Турција (во Истанбул каде се оспорува владеењето на Ердоган годинава играше финалистот на Australian Open Марин Чилиќ), и во Русија (три женски и два машки турнири).
****
Но ревијалниот меч во Саудиска Арабија меѓу Новак и Рафа беше објавен во најлош момент: ден претходно се случи еден од најголемите меѓународни скандали годинава.
На 2 октомври во Истанбул беше убиен новинарот Џамал Хашоги кој последен пат е виден како влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Турција отвори истрага и на 6 октомври јавно се обелодени дека Хашоги бил убиен во конзулатот.
Хашоги бил еден од најважните саудиски новинари кој долго време бил близок со кралското семејство во оваа земја но никогаш не ги консултирал властите.
Во последните години тој се трансформирал политички: се оддалечил од исламот во полза на големата светска идеологија, почнал да ги критикува властите и постепено ја нарушил својата позиција.
На крај во 2017-та тој се преселил во САД и од таму ја критикувал политиката на принцот наследник (фактички владетел) на Саудиска Арабија, Мухамед ибн Салман Ал Сауд претежно во статии за The Washington Times.
****
Весникот The Washington Times со слика на насловната страна на изданието за САД напишал: принцот Мухамед лично наредил Хашоги да се врати во татковината и таму да биде уапсен.
Во конзулатот во Истанбул новинарот Кашоги отишол за документи за развод којшто му бил потребен за да се ожени со Турчинка.
Но наместо документи, како што тврди CNN, тој бил подвргнат на испрашување. Од него барале да се врати во Саудиска Арабија а кога тој одбил го малтретирале физички, го убиле па го расекле на парчиња.
Некои медиуми тврдат дека Турција поседува аудио запис на испрашувањето и убиството. Според една верзија Хашоги започнал да ги запишува прашањата на својот Apple, а порака стигнала на телефонот кој тој и го оставил на својата невеста. Според друга верзија Турција едноставно го прислушкувала конзулатот.
Саудиска Арабија на почеток негирала дека Хашоги е воопшто умрен. Дури после 18 дена по неговото и исчезнување, на 20 октомври Саудиските власти ја признале неговата смрт а на 22 октомври нивната официјална верзија била дека убиството се случило случајно за време на тепачка во конзулатот.
Сега нивната позиција одново е сменета: според обвинителството, убиството било планирано но не од властите. Полицијата во Саудиска Арабија привела 18 луѓе кои биле вмешани во случајот а неколку високи чиновници биле отпуштени од работа.
The Washington Times утврдил како Саудијците сакале прво да создадат илузија дека Хашоги е жив. Еден од присутните во конзултатот го облекле во неговата облека, му ставиле брада и очила и тој под камерите излегол од конзулатот. Но ова им било провалено од турските власти кои забележале дека човекот кој излегува носел поинакви патики од Хашоги.
По убиството на Хашоги западните политичари и бизнисмени кренаа глас против Саудиска Арабија. На пример најголемите банки и министри за финансии од САД, Франција, Германија и Холандија одбиле да учествуваат на конференција за инвестициска политика во С. Арабија.
Истото сега Западот го бара и од Ѓоковиќ и Надал.
*****
Претставник на една од најголемите организации за заштита на човековите права и слободи Amnesty International, Алан Хогарт за мечот меѓу Надал и Ѓоковиќ изјавил:
„Не е наше да кажуваме во кои земји може или не може да се одигруваат спортски настани. Но очигледно е дека во Саудиска Арабија совршено знаат како спортот може да се искористи за ребрендинг. Надал и Ѓоковиќ самите нека решат каде ќе играат ревијални натпревари но ако одат во Џеда ние би сакале да ги потсетиме да постават прашања за човековите права. За почеток може на Твитер да ги поддржат смелите активисти од Саудиска Арабија“.
Хогарт не е единствен кој зборува за тоа како Саудијците го користат спортот како инструмент за пропаганда. Веќе има статии за тоа дека инвестициите во меѓународни спортски настани е долгорочна кампања за имиџот на земјата и развој на патот кон модернизацијата.
По неколкунеделен молк, Надал и Ѓоковиќ првпат ја прокоментираа ситуацијата со ревијалниот меч минатиот викенд пред стартот на Мастерсот во Париз. Шпанецот изјави дека договор со Саудијците бил склучен уште минатата година, а двајцата тенисери рекле дека внимателно ја следат ситуацијата а нивните претставници се во комуникација со организаторите.
„Ужасно е тоа што новинар изгубил живот. Знам дека е страшно тоа што се случило. Затоа ние го следиме развојот на ситуацијата и се надевам дека се ќе биде појасно што поскоро“, рекол Надал.
А Ѓоковиќ се пожалил што тие двајца воопшто се нашле во таква положба: „Не сакам да бидам дел од политички процеси или ситуации. Многу ми е жал што двајцата се најдовме вмешани во ова.“
Во Париз Роџер Федерер кажал дека и него исто го викнале во Саудиска Арабија но тој одбил да игра таму на крајот од декември. Според информации на британските медиуми (The Daily Mail, The Daily Express), Надал и Ѓоковиќ за ревијалниот натпревар ќе добијат по милион долари.
Во целата приказна свое мислење дал и неизбежниот Џон Мекинро кој во 1980-та одбил да игра во Јужна Африка за време на апартхејдот (исто му нуделе милион долари). Годинава Американецот рекол: „Во тоа време милион беше како денес десет или повеќе милиони. Но јас сум горд што донесов таква одлука. Сакаа да ме искористат за својата пропаганда. Јас имав 21 година но сфаќав се и не сакав да им бидам пион.“