Марадона зборувал со својот менаџер Гилермо Копола од кого побарал да му најде автомобил марка Ферари Тестароса, ама црна боја во период кога се произведувале само црвени модели.
Ферарито го добил после Мундијалот во 1986-та, годината кога го постигна најпознатиот гол со рака, а го направи и еден од најјаките слаломи во историјата на фудбалот.
Тогаш играл за Наполи и му го купил токму претседателот на италијанскиот прволигаш, Корадо Ферлаино. Го платил 430.000 долари, а овој направил проблем за банална работа.
„Му го купив црното Ферари кое во тоа време изнесуваше многу пари, 430.000 долари и плус беше незамисливо некој да вози црно Ферари. Му го донесов, тој влезе внатре и направи чудна гримаса. Го прашав во што е проблемот, а тој ми вели: Каде е радиото? Зошто нема радио? Му одговорив дека нема радио, ова е спортска кола, нема ни радио ни клима, нема такви работи. Диего ми одговори: Епа тогаш нека си го бутнат в газ.
Ферлаино не можел да поверува за што се буни Марадона, бидејќи му обезбедил модел кој во тоа време привилегија имале да возат само уште две големи фаци, Силвестер Сталоне и Мајкл Џордан.
За среќа, најславната 10-ка во тоа време се предомислил и го задржал ексклузивното возило, но кога требал да ја напушти Италија, било многу скапо да го однесе во Аргентина, па решил да го продаде.
Црното Ферари на Марадона го купил колекционер од Шпанија, кој во 2014-та година решил да го продаде за 250.000 долари со поминати 20.200 километри.
Марадона во 1979-та година возел Порше 924 кое го купил кога имал 20 години и бил газда. Потоа ја купил колекционер и ја ставил на продажба за 65.000 евра.
Во 1990-та купил два модели на Ферари, Ф40 и 355-ка.
Додека играл во Наполи си купил и една ретка верзија на Пежо 205 Кабрио во боите на клубот со кој освои две Скудета.
А вака се појави во Белорусија каде ја презема претседателската функција во Динамо Брест.