Додека офанзивците на македонската репрезентација (Трајковски, Пандев, Несторовски, Тричковски) играат добра сезона и даваат голови, нашиот прв голман Столе Димитриевски синоќа го имаше дебито за својот клуб Рајо Ваљекано и прими два гола.
Во рамките на шпанскиот Кралски куп Рајо Ваљекано одигра 2:2 на гости против Леганес а Димитриевски примаше голови во 31’ и 72’ минута. Рајо не изгуби, но ја продолжи серијата од осум меча без триумф во сите натпреварувања: