Леганес и Хетафе во една прилика играа финале во локалниот Куп, а вака изгледаат златниот и сребрениот трофеј кои им припаднаа на женските екипи после мечот.
Шпанска Ла Лига спушти завеса на сезоната 2019/2020. Шампион е Реал Мадрид, а од лигата испаѓаат Еспањол, Мајорка и Леганес. Токму последниве можеа да се спасат зошто во 84' минута на дуелот со Реал Мадрид при резултат 2:2 не добија пенал по играта со рака Лука Јовиќ.
За време на шампионскиот меч против Виљареал во минатото коло (2:1), Бразилецот Винисиус имаше бразилски слалом во стилот на Роналдињо, Роналдо и Кака.
Додека офанзивците на македонската репрезентација (Трајковски, Пандев, Несторовски, Тричковски) играат добра сезона и даваат голови, нашиот прв голман Столе Димитриевски синоќа го имаше дебито за својот клуб Рајо Ваљекано и прими два гола.
Реал Мадрид е клуб со рекордни 12 трофеи во Лига на шампиони и рекордни 33 титули во Ла Лига. Најголемиот успех на Леганес е тоа што во своето 90 годишнo постоење само втора сезона се дел од првата шпанска лига. Чисто за да сфатите зошто го прават ова откако го елиминираа Кралскиот клуб во четвртфиналето од Копа дел Реј.
Ако не си дел од Барса или Реал не е лесно да запишеш некоја историја во Ла Лига. Но како големо изненадување ете го Леганес, клубот кој го потпиша првиот индиски фудбалер кој ќе заигра во Шпанија.
Мартин Мантовани е еден од многуте Јужноамериканци кои имале тешка судбина до конечниот триумф. Поминал низ сè и сешто за да заработи од фудбалот и тоа му се исплатеше. Синоќа ремизираше против клубот поради кој спиел со скитници на улица.