Како судија со глупава одлука може да те исфрли во втора лига

Шпанска Ла Лига спушти завеса на сезоната 2019/2020. Шампион е Реал Мадрид, а од лигата испаѓаат Еспањол, Мајорка и Леганес. Токму последниве можеа да се спасат зошто во 84' минута на дуелот со Реал Мадрид при резултат 2:2 не добија пенал по играта со рака Лука Јовиќ.

Доколку судијата досудеше пенал кој според новите правила секој контакт со крената рака да биде санкциониран со пенал, беше очигледен, Леганес ќе можеше да освои 3 бода и да ја прескокне Селта Виго во зоната за спас од испаѓање. На крајот мечот заврши 2:2 и Леганес се збогува со Примера:

Поранешните судии Итуралде Гонзалес и Андухар Оливер кои ги коментираат стручно судиските одлуки во Ла Лига, беа едногласни дека пеналот е чист и дека ако се земе предвид се она што е судено претходно, чудно ова да не е пенал.

 

20 јули 2020 - 14:16