Мартин седел на состанок со менаџерот кога во еден момент викнал некој машки глас: „Мали, дај ни го пасошот. Можно е да одиш на проба во Европа“. Мартин Мантовани имал скоро 22 години и послушно направил што му кажале. Без никакви пропратни прашања им ја дал и личната карта.
Потоа шетал низ улиците на главниот аргентински пристанишен град Мар дел Плата. Се пцуел себеси за недовербата во себе и смислувал варијанти: “Бугарија? Романија? Молдавија? Можеби Малта? Сите тие изгледале како одлична шанса да ја спаси својата кариера и да го подобри животниот стандард. Тогаш заработувал 200 евра месечно што му било доволно само за пат до тренинзите и слаба исхрана.
„Размислував да го баталам фудбалот. Мислев да продолжам со студиите и да работам нешто. Сакав да живеам достоинствено во тоа ебено време кога татко ми не можеше да најде работа по отказот во фабриката за Форд и петмина живеевме од мајчината плата“, се сеќава Мантовани, денес 32-годишен фудбалер на шпанскиот прволигаш Леганес.
Агентот, од никаде добил подобра варијанта, проба во тренинг кампот на Атлетико Мадрид кај тренерот Хуан Еснајдер, поранешниот играч на Атлетико и Реал Мадрид кој го водел кампот „Кадетес“ за поддршка на младите таленти од Аргентина.
Еснајдер изградил неколку терени и се договорил со Атлетико за партнерска програма. Еснајдер дури и лично летал со Мантовани во Мадрид за се да помине во најдобар ред.
Но пробата минала тешко. Младиот Мантовани не го убедил тренерот на вториот тренер на Атлетико и го оставиле на улица. Немал намера неуспешно да се врати дома и по пробата во Виљареал, повторно затропал на вратата на Атлетико. На некој начин барал „Јорганџиите“ да му пружат втора шанса.
Менаџерот ветувал дека ако добие пасош од ЕУ ќе може да заигра за третиот тим на мадридскиот клуб. Еснајдер како посредник веќе заминал во Аргентина, а Мантовани цело време ги листал документите. Имал право на италијанско државјанство благодарение на потеклото на дедо му, но целата процедура траела долго. Од летото 2006 до јануари 2007, Мартин тренирал во Атлетико без договор и без плата. Му давале само за храна и една мала соба.
Шест месеци подоцна конечно му се јавиле од Италија: “Вашите документи се готови, барањето е примено, дојдете во Болоња“. Возбудлив момент му се случил на патот од Италија назад за Шпанија. Летот за Мадрид бил закажан за 7 наутро, а тој не сакал да троши пари за хотел и одлучил да преспие на аеродромот. Но автобусот кој го чекал до аеродромот дента не возел поради некој празник.
„За да не мрзнам на улица, заспав на железничката станица. Најдов една мала просторија и легнав. Неколку часа подоцна ме разбудија 50-ина бездомници. Бев шокиран и исплашен. Само го зграпив ранецот и се молев ноќта да заврши што побрзо“, се сеќава Мантовани на тешката ноќ во Италија.
Авантурата на крајот вредела. Мантовани потпишал договор со третиот тим на Атлетико и добил плата од 600 евра месечно. Така живеел скоро три години, повремено тренирал со Де Хеа и Коке, а по шест месеци заиграл за Атлетико Б, но невозможно било да стигне до првио тим.
Кога договорот со Атлетико ми истекна, некои Шпанци ме викнаа во романскиот клуб „Таргу Муреш. Друга опција немав и се согласив. Но кога го загубиме првиот натпревар, не обвинија нас странците за тоа, а после неколку дена ни ги раскинаа договорите и останавме без пари, без стан, без автомобилите кои ни ги ветија“, раскажува Мартин Мантовани за циркузот што го снашол во Романија.
Вo следните три години Мантовани пловел по третата шпанска лига, за да на крајот во 2013. година се скраси во Леганес. Малиот клуб од предградието на Мадрид никогаш не завршил погоре од осмото место во сегунда, но со Мантовани како капитен направија чудо. Во сезоната 2015/2016, Леганес заврши втор и се пласираше во елитното друштво на Барселона, Реал и Атлетико.
Пред решавачкиот меч за пласман во Пример, Аргентинецот им кажал на соиграчите: „Што и да се случи вечерва, јас секогаш ќе бидам горд на вас. И ако загубиме ќе останеме запаметени како најдобра генерација во историјата на клубот. Ако победиме, одиме во Ла Лига. Немој да престанете да верувате“:
Тоа го кажал човекот кој за малку не го оставил фудбалот за да работи во фабрика на 21 година, а 11 години подоцна дебитираше во Примера. Во саботата кон неделата, Мантовани првпат во животот играл против Атлетико Мадрид, тим за кој спиел на железничка станица со скитници и тим кој го запре во походот кон бодовите (0:0).