Рајо Махадаонда е мал клуб во Шпанија кој игра на стадион со 3.000 седишта. Од трета лига погоре немаат мрднато во живот. И што се случува. Играат реванш плејоф меч со Картахена кој за пласман во втора лига треба да го победат 1:0. Судијата покажува продолжение од 7 минути, а гостите на 0:0 си даваат автогол во последната минута. Полудува сè живо на терен од играчи, навивачи до коментатори. Не им се верува дека е вистина.