Пет работи за првиот Индиец кој ќе игра во Шпанија

Ако не си дел од Барса или Реал не е лесно да запишеш некоја историја во Ла Лига. Но како големо изненадување ете го Леганес, клубот кој го потпиша првиот индиски фудбалер кој ќе заигра во Шпанија.

Минатата сезона во првата шпанска лига дебитант беше Леганес, клуб со стадионче од 10.000 седишта и истиот тој клуб сезонава повторно е во центарот на вниманието откако вчера објави дека потпишале договор со индиски фудбалер.

Ишан Пандита е првиот фудбалер кој ќе заигра не само во Ла Лига, туку воопшто во петте најсилни лиги во Европа. Дека детево навистина го бива и има самодоверба покажува фактот што го одбил Хетафе со образложение дека не сакал да игра во втора лига, а во Леганес најпрво ќе настапува со неговите врсници во тимот У19. Фудбал во Индија учел од британски стратези.

Рани години

Ишан Пандита е роден во Бенгалуру во 1998 година кој е главен град на индиската држава Карнатака. Како мал преселен е на Филипините каде почнал да игра фудбал на 6 годишна возраст. Учел во британска школа со британски тренери и во него е вграден англиски стил на фудбал.

Животот во Бенгалуру

Пандита се преселил на Филипите во 2009 година и како еден од најдобрите играчи на интернационалната фудбалска школа Бенгалуру го назначиле за капитен на школскиот тим, а потоа играл и во државните лиги за студенти. Во 2012-та го покажа својот талент на „Airtel Rising Star“, организирано за лов на таленти од страна на Манчестер Јунајтед. Малиот бил избран во конкуренција на 2.000 кандидати и со тоа си ја зголемил самодовербата.

Големи паузи и почетни тешкотии со кои се соочувал

Првата пауза му се случила за време на Купот Готиа во Шведска во 2013 година. Таму се прикажал во одлични изданија, а тоа го забележале скаути од локален шведски клуб кој го поканиле на проба за нивниот тим У17. Пандита ги информирал родителите дека сака да ги паузира студиите за да се фокусира на неговата голема страст, а тоа е фудбалот, одлука за која добил критики.

Преселба во Шпанија

Во 2014-та се приклучува во Intersoccer Madrid football academy со седиште во Мадрид која му помага да влезе во Алкобендас, фелијала на Атлетико Мадрид. Потоа го следи скаут од Алмерија и го повлекува во Алмерија У18. Но поради правилата на ФИФА која не дозволува меѓународни трансфери за малолетници или трансфери кои не се од Европа, Пандита можеше да потпише договор дури во мај 2016-та. Пред да му се приклучи на Леганес, Пандита беше на проба во Хетафе, но и покрај тоа што ја мина не стана нивен член. Хатафе испадна во втора лига, а неговиот сон беше да игра во Ла Лига. Директорот на академијата на Леганес беше импресиониран од неговите физички предиспозиции и голгетерски способности и Ишан Пандита потпиша со нив договор за историја како прв фудбалер од Индија кој ќе игра во една од 5-те топ лиги во Европа.

Омилени играчи

Ишан е голем фан на Ливерпул и симпатизер на Реал Мадрид. Има повеќе омилени фудбалери меѓу кои Луис Суарез, Филипе Кутињо, Герет Бејл и Кристијано Роналдо. Сон му е да заигра во Ла Лига рамо до рамо со Роналдо и Меси, но исто така сон му е еден ден да настапи и за својата земја. За да собере искуство прво ќе игра за У19, а потоа за прв тим. Од земјата со 1,3 милијарди луѓе веројатно го пронајдоа вистинскиот талент кој ќе направи кариера во Европа.

6 октомври 2016 - 10:40