Светскиот шампион со Италија од 2006 во декември 2015-та бил обвинет за поседување оружје и инволвираност во работењето на Ндрангета - најозлогласената мафија во Италија. Јакинта (38) од судот излегол викајќи: „Срамота, ова е смешно“!
Во мај годинава обвинителството барало шест години за Јаквинта а 19 години за татко му кој исто бил дел од криминалната група.
На новинарите кои биле пред судот, поранешниот шпиц на Јуве им рекол: „Името ’Ндрангета не знаеме ни што значи во моето семејство. Не е можно ова. Ми го уништија животот за ништо, само зошто сум Калабриец, зошто сум од Кутро. Патам како куче за мојата фамилија и моите деца без да сум сторил нешто, но јас го освоив Светското првенство и сум горд Калабриец. Ништо не сме направиле затоа што со ’Ндрангета немаме ништо.“
Преку 140 луѓе седнале на обвинителната клупа во еден од најголемите судски процеси во северна Италија за мафијата која од Југот сакале да се инфилтрира и на Северот од земјата. Процесот се водел за криминални дејствија и нелегално збогатување од реконструкцијата во провинцијата Емилија-Ромања по кобниот земјотрес во 2012 година. Тогаш Ндрангета сакала да ги пушти своите пипки и во северна Италија.
На Винченцо Јаквинта му биле пронајдено оружје: Smith & Wesson 357 Магнум, пиштол 7.65 Browning Kelt-tec и 126 куршуми. Јаквинта на суд рекол дека оружјето го чувал дома а потоа го земал татко му којшто претходно од 2012 имал забрана за поседување огнено оружје и бил обвинет за соработка со Ндрангета.
„Јас сум позната личност и ги купив пиштолите повеќе за иднината кога веќе престанав да играм фудбал, а не за нешто друго. Сакав да одам во стрелиште да пукам кога бев дома“, рекол Јаквинта на едно рочиште во мај годинава.
Поради италијанскиот закон Јаквинта не може да се смета за обвинет се додека пресудата не помине по хиерархијата на сите дусови, така што нема наскоро да лежи во затвор. Од друга страна татко му е задржан во притвор за посериозни врски со мафијата.