63 годишниот стратег од Шпанија кој во моментов е ангажиран во Кина, го тренираше Реал од декември 2005-та до јуни 2006-та во период кога играа Раул, Роналдо, Зидан, Бекам, Карлос и компанија.
Тој е последниот тренер поставен во првата ера на Перез. На почеток му одеше добро, но потоа загуби 6:1 од Сарагоса во Копа дел Реј, па беше елиминиран во ЛШ од Арсенал. Доволно за да си го разниша столчето кај газда Перез.
Рамон смета дека не може целата одговорност за слабите резултати да оди кај Лопетеги кој издржа само три месеци на Бернабеу и со право ги критикува играчите кои сезонава се далеку од тоа што беа лани.
„Го гледав Ел Класико. Имаше многу важни фактори. Реал Мадрид беа лоши и во одбрана и во напад и беше евидентно дека се ментално слаби. Кога Барселона е на добро ниво нормално да им го направат тоа“.
„Во фудбалот, за жал проблемот секогаш паѓа на еден човек, што е неправедно. Точно е дека тренерот има одговорности, но мислам дека работите треба да ги погледнеме на многу пообјективен начин, а тоа е дека во Реал играчите се паднати и се далеку под своето ниво на кое сме навикнати да ги гледаме“.
„Не можете да го обвинувате тренерот за се, исто така во прашање се и играчите. Лопетеги не е крив што Бејл, Крос или Модриќ играат слабо. Тоа е повеќе личен проблем на фудбалерот. Фудбалскиот тим е како оркестар. Ако некој не свири добро, музиката звучи лошо.
Хуан Рамон ги водеше Кралевите на 33 средби и оствари скор од 17 победи, 10 нерешени и 6 порази.