До вчера си го бирал на Плејстејшн, сега се чувате под кош

Најдобриот млад европски кошаркар во моментов, Словенецот Лука Дончиќ одлично се снаоѓа во НБА. На овогодинешниот драфт Лука беше избран од Атланта Хокс како 3. пик но брзо го пратија во Далас Маверикс во замена за 5. пик на драфтот Треј Јанг.

Дончиќ брзо се вклопи во начинот на игра во НБА и редовно е меѓу најдборите стрелци на Далас од почетокот на сезоната. Синоќа првпат имаше прилика да заигра против неговиот идол Леброн Џејмс кој со поени од слободни фрлања на 2,1 секунди пред крајот му донесе победа на Лејкерс против Далас 114-113.

Леброн даде 29 поени, со 6 асистенции и 5 скока а Лука кој игра сјајна руки сезона уфрли 14 поени, 7 асистенции и 5 скока. Сега после 8 меча во НБА, европскиот шампион со Словенија има вкупно 157 постигнати поени.

На крајот од мечот на Дончиќ му го дале дресот од Леброн со потпис од „кралот“:

Хајлајтс од партијата на Дончиќ против Лејкерс:

 

1 ноември 2018 - 13:22