Газдата на Интер е 26-годишен Кинез кој сака да го престигне Јувентус

Во портфолиото на најмладиот претседател во историјата на Интер, 26-годишниот Жанг, стои дека завршил на Универзитетот Пенсилванија, дека работел во инвестициската банка Morgan Stanley и дека беше потпретседател, а од скоро претседател на Интер.

КАКО ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ КИНЕЗИ НА ДЕНЕШНИЦАТА ПОЧНАЛ ОД 0

Во средината на ’80-те години, професорот по книжевност Жанг Џиндонг се инспирирал од економските реформи на Денг Џиаопинг, неколку години напорно работел во фабрика, живеел од денес за утре и решил да собира пари за да отвори продавница за климатизери.

Во тие години климатизерите уште никој не ги купувал, но Жанг играл на карта на растот на кинеската економија по реформите и скорешна соодветна побарувачка поради топлата клима.

Денес неговата фирма гигант Suning е водечка компанија во оваа област во Кина со годишен приход од околу 30 милијарди евра, а Жанг Џиндонг влегува во Топ-30 најбогати луѓе во земјата. Неговото лично богатство се проценува на 5,6 милијарди евра.

Жанг Џиндонг е голем акционер, основач и шеф на компании во многу области, вклучувајќи го и спортот - сопственик е на италијанскиот титан Интер.

Тајната на успехот на Џиндонг-постариот е во мудрите методи на управување: тој ја заменува корпоративната одговорност со лична заинтересираност на вработените, доделување акции на тој што ќе стане топ-менаџер во компаниите и многу ја стимулира верноста кон неговите фирми.

Така на пример, десната рака на газда Џиндонг, Лин Гошен работел 9 години без одмор, рекол дека ќе се фрли од мост ако не го направи Suning лидер во Шангај и на крајот стигнал до местото потпретседател на холдингот.

НАСЛЕДНИКОТ СТАНУВА КРАЛ НА МИЛАНО И СЕ ВЉУБУВА ВО ИНТЕР

Од друга страна, синот на газда Жанг, Стивен Жанг нема тајна на управување. Корпорацијата го назначила во 2016-та година но младиот економист не се нашол на должноста директор на комерцијален развој. 

Во летото 2016-та холдингот Suning купил 68% од акциите на Интер за околу 307 милиони долари и Жанг-постариот го внел син му во советот на директори. Стивен Жанг изненадно добро се пронашол и брзо ги совладал сите домашни задачи. Тоа е, велат италијанските новинари нормално затоа што е растен во атмосфера на жестока спартанска дисциплина.

Стивен (26) често оди пешки низ Милано, а кога е со автомобил, на регистарските таблички му стои натписот Nerazzura. Одвреме-навреме става фотографии на социјалните мрежи, на одмор оди на Смарагдниот брег на Сардинија и на езерото Комо каде се претопува во италијанската култура.

Автопаркот кој го поседува, исто може да се препише на италијанската култура, но тука е поедноставно: Жанг (26) обожава бесни коли. Со преселбата во Италија се вљубил во италијанските автомобили. Неговиот автопарк го украсуваат Ferrari и Lamborghini, но кралот на колекцијата е Pagani Huayra кој чини 2,3 милиони евра.

Овој ѕвер офарбан во боите на Интер развива брзина до 375 км/ч!

Искреноста на Стивен Жанг на многумина им изгледа претерана и намерна, малку кој сомнева дека Интер за Кинезите е голем бизнис-проект, но за сега најважно за тифозите е што Жанг покажува дека клубот му значи и дека сака да го врати на врвот.

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ИНТЕР ПОД ВОДСТВО НА МЛАДИОТ СТИВЕН ЖАНГ?

Кога Кинезите дошле во Интер, долгот на клубот изнесувал повеќе од 400 милиони евра. До ден-денес семејството Жанг вложила во клубот 474 милиони евра и ги зголемила показателите во клучните точки.

Финансискиот отчет за сезоната 2017/2018 покажал рекорден приход во историјата на Интер - заработка од 374 милиони евра. За две години приходот пораснал за 44%, а единствена непријатна околност е силната зависност од комерција-маркетинг (131 милион) која во голема доза го амортизира кинеското влијание (влогови од 100 милиони евра годишно).

Иако клубот во моментов има минус од 17,7 милиони евра, сепак постои генерален напредок: со претходниот сопственик Тохир долговите стигнаа и до 140 милиони евра!

Новата управа го држи дефицитот во границите на УЕФА правилата а тоа значи дека проблеми со финансискиот фер-плеј ќе има се помалку.

Сега „Нераѕурите“ играат во Лига на шампиони и следното лето би требало да бидат во плус, првпат после многу години (само продажбата на влезници и учеството во групната фаза му донеле на Интер 55 милиони евра).

Тоа се првите резултати од работата на Стивен Жанг, економист по образование кој околу себе има тим од експерти.

Жанг управуваше со клубот и во последните две години кога Тохир беше само номинален претседател. Индонезиецот го оставиле како тампон зона од критиките во преодниот рок. И се појавиле на сцена тогаш кога Интер со гол во 81’ минута се врати во Лигата на шампиони, ги поправи финансиите и се спреми за ново ниво.

Интер вложува и во стадионот (за разлика од Милан, „нераѕурите“ не планираат да го напуштат „Сан Сиро“), а вложува и во навивачите (продажбата на влезници пораснала за 25% и сега заработката од тоа изнесува 33,8 милиони евра).

Жанг Џиндонг со син му Стивен Жанг

„Нераѕурите“ се апсолутни лидери во Италија по посетеноста (Сезонава Интер на домашен терен на еден натпревар го гледале 61.677 гледачи што е сезонски рекорд во Серија А).

Трето големо достигнување на Жанг-помладиот е стратешкото партнерство со сопствениците на Аталанта. Кинезот се зближил со семејството Перкаси и на Suning му донел перспективен партнер - сега они соработуваат и во фудбалот и во бизнисот.

Стивен се здружил со Лука Перкаси, исто наследник на голема империја (во сферата на недвижности и малопродажба компанијата на газдите на Аталанта е партнер на Benetton, Gucci, Guess).

ШТО ЌЕ СЕ СМЕНИ ВО ИНТЕР?

На глобален план ништо. Во клубот остана истиот сопственик а претходниот замина од сенката. Како и претходно, последниот збор за стратешки одлуки ќе ги има Стивен Жанг. Тој може да предлага варијанти за важни прашања, но не и за глобални.

Првото официјално кадровско решение на Стивен Жанг (26) веројатно ќе биде назначување на Бепе Марота на местото генерален директор (неодамна беше отпуштен од Јувентус и покрај тоа што е творец на сите успеси на „бјанконерите).

Новиот претседател на Интер е сигурен во себе: „На Јувентус му требаа десет години за да стигне на денешното ниво, но јас сакам побрзо да стигнеме. Со инвестициите на Suning имаме сили да го пребродиме јазот и да не губиме многу време. И ве замолувам да не не споредувате нас со други кинески инвеститори кои биле во Серија А.“