Во електричното дерби ЕВН поуспешни од МЕПСО

Екипите на Макпетрол, ЈСП и ЕВН славеа победи во третиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во електричното дерби ЕВН поуспешни од МЕПСО

ЕВН 7-2(2-1) МЕПСО

ЕВН: Вилијам Митев 22' Виктор Валканчев 17' 24' 38' 39' Наумче Балдаковски 5' 30'

МЕПСО: Александар Јакимовски 8' 32'

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и МЕПСО, уште на самиот старт двете екипи започнаа со офанзивна игра што резултираше со два погодоци во раната фаза. Прва до водство дојде екипата на ЕВН во 8та минута преку Бадаловски, неколку минути подоцна МЕПСО одговори преку Јакимовски за 1-1. До крајот на полувремето екипата на ЕВН успеа реализира за водство од 2-1 со кои се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на ЕВН одлично ја постави својата игра и преку контра напади од минута во минута го зголемуваше своето водство за конечна победа од високи 7-2.

ЈСП не дозволи изненадување во дуелот со Искрател Груп

ЈСП 8-3(3-2) Искрател Груп

ЈСП: Дејан Блажевски 2' Маријан Србиновски 28' Даниел Антовски 4' 6' 21' 32' Сашо Георгиев 37' 39'

Искрател Груп: Роберто Гавриловски 16' 40' Љупчо Јанакиевски 19'

Првото полувреме од дуелот помеѓу ЈСП и Искрател Груп и припадна на екипата на ЈСП, тие уште на самиот старт ја превземаа иницијативата и вршеа притисок кон голот на Искрател Груп. Уште во раната фаза од натпреварот екипата на ЈСП се текна со солидно водство од 3-0, екипата на Искрател Груп и покрај негативата не се откажуваше од овој натпревар па во финишот од полувремето успеа да постигне два погодоци и резултатски да се врати во натпреварот. На полувремето се замина со резултат од 3-2. На стартот од второто полувреме екипата на ЈСП започна со силен пресинг што резултираше со погодок и зголемување на водството. Екипата на Искрател Груп се обидуваше со чести ротации на играчите да го намали водството и да се врати повторно во игра, но екипата на ЈСП имаше целосна контрола врз играта и резултатот и успешно го приврши овој натпревар во своја корист со 8-3.

Во голеада Алкалоид подобар од Гранит

Алкалоид 14-10(8-4) Гранит

Алкалоид: Оливер Христовски 3' 5' 21' 24' Стефан Димовски 17' Сунај Казми 32' Даниел Митич 20' 34' Дениз Салковиќ 11' 15' 31' Николче Дамјановски 10' Кристијан Арсовски 25' Бобан Митевски 18'

Гранит: Стефан Тевдовски 7' 14' 33' Денис Петров 31' 34' 37' Дарко Стојановски 23' 40' Пепи Мицев 16' 19'

Возбудливо прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Алкалоид и Гранит, екипата на Алкалоид уште на стартот се префрли на противничкото поле и вршеше силен притисок кој и донесе рано водство од 2-0 во 5та минута. Екипата на Гранит по ова водство направи неколку промени и успеа да постигне погодок и фати резултатски приклучок. Сепак екипата на Алкалоид со одлична игра до крајот на полувремето успеваше да ја казни екипата на Гранит за на полувремето да замине со предност од високи 8-4. Во второто полувреме екипата на Гранит направи промена на тактиката и со голман играч во фаза на напад се обидуваше да го намали водството на Алкалоид од полувремето, во таквата отворена игра заборави на совјата одбрана а екипата на Алкалоид вешто ги искористи тие пропусти и на крајот славеше со 14-10.

1 ноември 2018 - 08:28