Во Лестер недостасуваат букети цвеќиња, сите се простуваат од сопственикот

Во вторникот, три дена откако хеликоптерот на сопственикот на Лестер се сруши и притоа загинаа тој и уште четири лица, непрестано се носат цвеќиња на местото на хаваријата, веднаш до стадионот „Кинг Пауер“.

Витрините во многу цвеќари во Лестер биле речиси празни.

„Извинете, но во моментов немаме голем избор на цвеќе. Сами знаете и зошто... Останаа само некои едноставни цвеќиња. Сите сакаат сини, но тоа е редок цвет кој треба да се нарача претходно за да стигне“, велат во една цвеќара во градот.

Во Лестер е тешко да се најде и било какво друго цвеќе, не само сино, затоа што три дена по ред луѓето изразуваат сочуство и полагаат букети за загинатиот Вичај Шриваданапраба - истиот тој кој три години на целиот град му даруваше радост и чуда но во саботата го обвитка во тага.

***

Во 2000-те години во англискиот фудбал почнаа да се слеваат странски пари и навивачите на сите клубови беа некако нервозни во исчекување што ќе биде со нивниот тим. Кој ќе го купи нивниот клуб? Од каде ќе дојде новиот газда? Ќе го менува ли името на стадионот, грбот и боите на дресот?

Вичај Шриваданапраба го купи Лестер во 2010 година. Во англиската Премиер лига до тој момент а и после тоа имаше многу руски, американски и арапски сопственици.

За разлика од придавката „руски олигарх“, јавноста во Англија беше поблага и Вичај го завика „тајландскиот милијардер“.

Англискиот фудбал знае секакви типови на сопственици на фудбалски клубови: арогантни тирани, конфликтни личности кои се „на нож“ со навивачите и тренерите и често носат емотивни и погрешни одлуки.

Вичај, за разлика од нив, се покажа како тивок, скромен и човек кој знае да расудува. Тој донесе две решенија по кои ќе се памети: прво го смени Најџел Пирсон а потоа Клаудио Раниери. Првата одлука на клубот му донесе титула, а втората пласман во четвртфинале на Лига на шампиони.

Вичај секогаш ја уважувал локалната традиција и постепено воведувал нови нешта. Во подтрибинскиот простор на „Кинг Пауер“ стадионот се појавиле будистички молитвени знаменца, екипата одеше на подготовки по југо-истоична Азија а навивачите добиваа убави подароци.

На празниците како Божиќ, Нова Година и Велигден, сопственикот ги угостувал сите навивачи со големи количини пиво, хот-дог или божични колачи.

Вичај не вложувал само во клубот туку и во градот каде набрзо станал еден од најголемите филантропи во Лестер:

2 милиони фунти донирал за детското оделение на Кралската болница, 1 милион фунти за клупската хуманитарна организација „Foxes Foundation“, 100.000 фунти за есхумзација на Ричард III во 2015-та, 23.000 фунти на сметка на една навивачка чиј син боледувал од ретко генетско заболување.

Вичај со сите сили се стремел да го направи клубот Лестер центар на сите градски збиднувања и тоа му појде од рака.

Затоа оддавањето почит на човекот кој остави голем траг во овој англиски град е незапаметено. Цела околина на стадионот е покриена со букети цвеќе, дресови, шалови, пораки, свеќи, и разни реквизити од Лестер.

Илјадници навивачи и други граѓани на Лестер од минута во минута носат венци и илјадници букети поради што на секој половина час на меморијалното место доаѓаат вработени од клубот и ослободуваат простор за нови букети.

Но околу „Кинг Пауер“ нема само реквизити, шалови од Лестер туку и последен поздрав за Вичај од други англиски и европски клубови чии навивачи беа воодушевени од лестерската сензација пред две години.

****

Последен поздрав и молитва за Вичај упатија и будистички монаси кои беа редовни гости на клубот.

Синоќа близу стадионот на Лестер пеел и црковен хор:

А пееле и навивачи:

Снимка од рушењето на хеликоптерот 

Ријад Марез го посвети голот на „Вембли“ на некогашниот претседател