Англискиот Sky Sport ги собрал сите емотивни моменти од историската титула на Лестер во Премиер лига, освоена во најголем дел благодарение и на убавата атмосфера која околу клубот ја направи неодамна загинатиот тајландски милијардер Вичај Шриваданапраба.
Во вторникот, три дена откако хеликоптерот на сопственикот на Лестер се сруши и притоа загинаа тој и уште четири лица, непрестано се носат цвеќиња на местото на хаваријата, веднаш до стадионот „Кинг Пауер“.