Домот, историјата и создавањето на Јувентус

Посетата на најзначајните локации од историјата на Јувентус е како да се оди на турнеја низ колективната меморија на навивачите, но исто така тоа е начин со кој подлабоко ќе ја разберете историјата на клубот и градот. Тоа е совршен начин да се каже среќен 121 роденден Јувентус.

Торино и Јувентус. Силна, длабока, нераскинлива врска. Речиси е иронично што Јувентус е само најуниверзален тим, со навивачи во секој град во Италија и низ цел свет.

Обично се вели дека без Торино или далеку од Торино, Јуве едноставно не би бил Јуве. И можеби без Јуве, Торино не би бил градот што го познаваме.

УЧИЛИШТЕТО Д`AЦEЉО И РАБОТИЛНИЦАТА НА БРАЌАТА КАНФАРИ

Што имаат заедничко писателите Чезаре Павезе и Примо Леви, филозофот Норберто Бобио, политичкиот научник Луиџи Фирпо и Јувентус?

Училиште. Се работи за средното школо Масимо D`Aцељо. Отворено во 1882-ра година. Тоа помогна низ годините да се школуваат многу интелигентни луѓе во Торино.

15 години откако школото ги отвори вратите, присуствуваа група на млади луѓе обединети од заедничка страст. По секое завршување на часовите, тие оделе на местото Корсо Дука ди Џенова, сега познато како Корсо Ре Умберто.

Според легендата, нивниот собир бил на клупа каде можеле да се мирисаат свежо печени кроасани од пекарата од спротива. Таму заедно почнувале да сонуваат.

Еуџенио, Енрико, Џоакино, Алфредо, Луиџи, Умберто, Карло Виторио, Доменико и подоцна Карло и Франческо. И кој знае уште колку други.

Овие деца кои не се толку различни од денешната генерација, решиле да основаат спортски клуб. За неколку месеци станал фудбалски клуб по име Јувентус.

Првата работа била да се најде место и како прва историска локација тоа била работилницата на браќата Канфари, Енрико и Еуџенио.

Денес, број 42 Корсо Ре Умберто изгледа како само уште една врата на улицата во Торино. Кој знае дали сегашните газди се свесни за историската вредност на тоа место.

Во текот на тој главен почетен период, локацијата на седиштето се менувало практично секоја година како резултат на настани како што се Светските Војни. Единственото клупско место од било какво значење се наоѓало на Корсо Марсиља, каде клубот се наоѓал во стариот спортски центар. Но тоа после 1923-та година не постоело повеќе.

Затоа може да скокнеме напред во времето до периодот по Втората Светска Војна, кога Италија по бурните времиња успеала да се стабилизира. Меѓу 1948-ма година и денес, Јувентус има пет различни седишта.

БРОЈ 206 ПЛОШТАД САН КАРЛО

Отворен во 1638-ма година како Ројал место на Кристина од Франција, плоштадот Сан Карло е посебно место од 1948-ма година за сите навивачи на Јувентус. Тука се покажувала верноста кон клубот и се славеле најважните достигнувања кои тогаш биле неколку. Тоа било официјалното седиште меѓу 1948-ма и 1964-та година, време во кое Јувентус стигна до пресвртница со 10 Скудета.

Тоа било строга и авторитетна канцеларија, каде не можело да се дискутира без да се спомене соседниот Кафе Торино. Како нешто од друга ера, кафето се сите мермери и прекрасни лустери, договори, ракувања меѓу џентлмените во текот на денот.

Наспроти влезот на кафулето, ако фрлите поглед надолу ќе ја видите плакетата со бик. Тоа е симболот на градот и неговиот грб, кој е одамна предмет на суеверија за кој многумина веруваат дека носи среќа. Можеби тоа е вистина бидејќи Јувентус уживаше во добра среќа во текот на годините.

Сепак не може да се избрише фактот дека овој плоштад е исто така синоним за два од најмрачните денови за Бјанконерите. Во 1956-та година тука лежел Џампјеро Комби кој добил ненадеен срцев удар.

На 3 јуни 2017-та се случи фатално стампедо во кое загина Ерика Пјолети, која дојде само да гледа финале од ЛШ. Таа се појави едноставно да го поддржи својот тим.

БРОЈ 54 ГАЛЕРИЈА САН ФЕДЕРИКО

За навивачите на Јувентус, број 54 Галерија Сан Федерико е едно од најсаканите седишта на Јувентус на сите времиња. Тоа се совпадна со претседателството на Џампјеро Бонипери, тука Џовани Трапатони потпиша за клубот и тука се случи славата во меѓународните димензии. Многу веројатно Мишел Платини токму на ова место ги финализирал деталите за неговото доаѓање.

Седиштето на клубот меѓу 1965-та и 1985-та година токму на ова место имаше две златни декади. Со Бониперти како претседател освои 9 Скудета во 15 години.

БРОЈ 7 ПЛОШТАД КРИМЕА

Во 1986-та година, Јувентус, тогаш актуелен европски првак се пресели на ова место. Тоа беше станбена област на Џани Ањели и Џампјеро Бониперти, а таму се наоѓаше и омилениот ресторан на Платини.

Токму на оваа адреса Јувентус ги комплетираше трофеите. На 17 јануари 1996-та го освои италијанскиот Супер Куп против Парма и со тоа стигна до секој можен трофеј во Италија и Европа.

Тоа седиште му остана се до почетокот на новиот милениум. Во 2000-та се пресели уште поблизу до центарот на градот и на поудобно растојание од станиците Порта Нуова и Порта Суса, кои станаа клучни транспортни центри како резултат на воведувањето на брзите возови.

БРОЈ 32 КОРСО ГАЛИЛЕО ФЕРАРИС

Ова е местото каде Јувентус почна да размислува глобално. Број 32 Корсо Галилео Ферарис е дом на новите рекорди на клубот, место каде беше изготвено новото лого и место со модерна уметничка галерија. Атмосферата во ѕидовите е зачувување на традициите додека се оди кон иднината, претворајќи ја уметноста во дизајн и трансформирајќи ја идејата во успех.

НОВИОТ ЈУВЕНТУС

Во средина на јули 2017-та Јувентус донесе историска најава со која прогласи нова ера од гледна точна на логистиката и објектите.

Со овој потег стадионот и седиштето се најдоа на иста локација и со тоа се создаде чувство на соединување. Тимот и клубот се блиску еден до друг, работат заедно пресликувајќи се едни со други со ефикасност и енерија.

Денес навивачите оваа област можат да ја наречат како свој дом. Тука е Алијанц Стадиум, прекрасното седиште на клубот лоцирано во место од 18-ти век, потоа новиот тренинг центар на првиот тим како и прес центарот.

И тоа не е сè. Тука го сместија и музејот на клубот кој според Министерството за културно наследство стана едно од топ 50 најпопуларни локации од интерес за Италија.

Наскоро во срцето на J|Village кое го носи името на седиштето во кое спаѓа сè можно на Јуве ќе се отвори и хотел кој ќе овозможи навивачите да спијат најблизу до нивната возбуда наречена Јувентус.

Без Торино, далеку од Торино, Јуве не би бил Јуве. И можеме слободно да кажеме дека без Јуве, Торино би било многу поинакво место.

1 ноември 2018 - 16:09