Росонерите синоќа ја совладаа Џенова со гол во 91-ва минута и избија на четвртата позиција на табела која ја делат заедно со Лацио. Тоа не изгледа за нив лошо бидејќи до скоро беа 12-ти, но друго загрижува и зачудува, а тоа е одбраната.
Милан од секогаш важи за екипа која тешко прима голови затоа што тоа им бил најсилен сегмент од играта која ја красеа дефанзивци од светски калибар.
Но по 10 изминати кола статистиката извади еден екстремно лош податок на таа тема, на кој мора да поработат ако сакаат да останат во зоната на Лига на шампиони.
Тоа е дека по 10 изминати кола во Серија А тие се единствена екипа која примила гол замислете на секој можен натпревар.
Податокот е фрапантен бидејќи зборуваме за седумкратниот европски првак на кој внимавајте последен пат му се случило да ја има истава серија со примени голови во далечната 1932/1933.
Последниот натпревар на кој Донарума и другарите го сочувале голот несовладан е оној одигран на 15 април минатата сезона кога одиграа без голови против Наполи.
Милан сезонава има примено 14 гола, исто колку Парма и Болоња. За споредба Спал има 13, Аталанта и Торино по 12, Каљари 11, а Јувентус, Сампдорија и Интер се двојно подобри во овој параметар.
Минатата сезона завршија на шеста позиција и примија 42 гола, три повеќе од Аталанта и само еден повеќе од Џенова, 12 повеќе од Интер, 13 од Наполи, 14 од Рома.
Кога Росонерите го освоија последното Скудето во сезоната 2010/2011 одбраната ја држеа Неста, Одо, Јанкуловски, Ѕамброта, Тијаго Силва и завршија лидери со 24 примени гола.
Колку само биле цврсти во тој сегмент од играта доказ е споредбата со второпласираниот Интер кој тогаш примил 42 гола, Наполи и Лацио по 39, Рома 52, а Јуве 47. Истиот број на примени голови Милан го имал и во шампионската 2003/2004 со столбовите Малдини, Неста, Кафу и Костакурта.
Ова се десетте резултати на Милан оваа сезона. Со исклучок на градското дерби сите други средби ги одиграл ГГ.
Милан – Рома 2:1
Каљари – Милан 1:1
Милан – Аталанта 2:2
Емполи – Милан 1:1
Сасуоло – Милан 1:4
Милан – Киево 3:1
Интер – Милан 1:0
Милан – Сампдорија 3:2
Милан – Џенова 2:1
За одбележување е и податокот кој вели дека двете екипи од Милано за прв пат по пауза од 8 години заедно се наоѓаат во топ 4.