Најголемите 10 екипи во Европа летово потрошиле 550,6 милиони евра

Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.

Голем дел од европските екипи имаат рок до 31. август да пазарат уште. Годинава, без ембарго и забрани, најголемите клубови на континентот трошеа многу повеќе и побрзо од претходните години. Постојат уште премини кои се во фаза на реализација.
 
Со оглед на времето кое останува до крајот на преодниот рок, може да се пресмета само сумата која што ја потрошиле досега. Десетте најголеми клубови од Европа имаат негативен баланс од 304 милиони евра. Вкупно заедно потрошиле 550,6 милиони евра (само за купување на играчи), а во меѓувреме заработиле 245,9 милиони евра.
 
Во Шпанија, Барселона досега искешира 44,75 милиони евра за француските дефанзивци Самуел Умтити и Диње’, како и за Денис Суарез. Каталонците останаа без Дани Алвеш кому му заврши договорот, и без Марк Бартра кој за 8 милиони евра го продадоа во Борусија Дортмунд. Реал Мадрид, најголемиот „галамџија" во преодниот рок за сега мирува. „Кралевите" дадоа 30 милиони евра за откупната клаузула на Мората во Јувентус. И покрај тоа што успеаа да заработат од продажбите на Черишев, Медран и Маскарел, на Сантијаго Бернабеу се во негативен биланс од 20,5 милиони евра. Се очекува уште да продаваат (Хамес, Иско, Крос).

Атлетико Мадрид до денес реализираше три трансфери и за Нико Гаитан, Врсаљко и Диого Жота потроиши 48,2 милиони евра. Заработија 6,5 милиони од продажбата на Лео Баптистао (Еспањол) и Гилавуги (Волфсбург на 2-годишна позајмица за 3 милиони евра). Сигурно дека „Рохибланко" ќе купи уште некој фудбалер до крајот на август.
 
Во Германија, Баерн Минхен ги доведе можеби најбараните играчи годинава, Хумелс од Дортмунд и чудото од дете Ренато Санчез од Бенфика кој поптиша за 35 милиони евра. Без ембаргото и забраната, Борусија Дортмунд ги продаде Михтарјан (Ман. Јунајтед), Матс Хумелс (Баерн) и Ѓундоган (Сити) и заработи вкупно 107 милиони евра. Со половина од тие пари, Дортмунд купи шест прилично квалитетни и компетентни засилувања (Осман Дембеле, Себастијан Роде, Емре Мор, Марк Бартра, Рафаел Гуериеро, Микел Мерино).
 
Во Франција очекувано на пазарот доминира ПСЖ, иако уште не направија трансфер земјотрес. Најзвучно име секако им е новиот тренер Унаи Емери, а по заминувањето Златан Ибрахимовиќ ПСЖ го купи Хатем Бен Арфа, човекот кој се препороди лани во Ница и ја врати кариерата во живот. Емери инсистирал и на Криховјак од Севиља кој пред неколку дена потпиша со Пари Сен Жермен.

Во Италија и не само во Италија, Јувентус прави бум. Откако го продадоа Мората за 30 милиони евра во Реал, го доведоа Миралем Пјаниќ од Рома за 32 милиони и се погласно се зборува за Гонзало Игуаин од Наполи. Него Јуве би требало да го купи со парите од евентуалната продажба на Пол Погба. Јуве го позајми и Мехди Бенатја од Баерн Минхен.

Во Англија, Манчеастер Јунајтед досега потроши 80 милиони за двајца играчи, Хенрик Михтарјан од Дортмунд и Ерик Баји од Виљареал. Ибрахимовиќ им дојде како слободен агент, а сега планираат и да ја признаат грешката со Погба кој би се вратил на „Олд Трафорд".

Сити ги купи Ѓундоган, Нолито и младиот украински вундеркид Зинченко. Приоритет на Пеп Гвардиола е одбраната. Во случајот на Челси, Сините ги доведоа Бачуаји и Канте кои ги чинеа неверојатно 74,8 милиони евра. Во меѓувреме Диего Коста побарал трансфер од клубот.