Кајли Џенер (пак) ќе пробува со модна колекција

Со шминка направи скоро милијарда, со четките за шминка се избрука, со купачите исто. Сега пушта гардероба, ама луѓето се скептични.

Што мисли Стивен Кинг за „Сјаење“ на Кубрик?

Стивен Кинг, млад (со фризура, со све) кај Летерман во студио. Реагира на „Сјаење“ ама и другите муабети се интересни.

Туш пуштен во празно после одмор може да ви го спаси животот.

Едноставниот потег на пуштање на тушот да тече во празно 20 минути кога ќе се вратите од одмор, или други долги отсуства од дома, може да ви го спаси животот, вели еден микробиолог.

13 црни манекенки ја бојкотираат Модната недела во Мелбурн

Црните манекенки застануваат против расизмот што го искусиле во австралиската модна индустрија.

Туширање „со сè“

Најновиот тренд на ТикТок е everything showers - хаштаг што во моментов има над 390 милиони прегледи.

Кендал Џенер станува бот

Она што ви е достапно за совет во секое време, а изгледа исто како Кендал Џенер е чатбот, ново од Мета, што го нарекуваат „ВИ асистенти“.

Луѓето денес не стареат како порано

Ја знаете дискусијата - 30 денес и 30 пред неколку децении не изгледаат исто. Џенифер Анистон денес на 50 (и кусур) изгледа како што изгледа, ама и Бети Вајт имаше 50 еднаш и не изгледаше така. Што се променило низ годините?

Зошто сме фасцинирани од сопруги и мајки што убиваат?

Без разлика дали му е точно она на Толстој: „Секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“, туѓата семејна мизерија останува константен извор на интерес.

Некомпетентноста како оружје во врска

Weaponized incompetence - кога партнерот свесно ја користи својата недоветност како оружје и зошто е тоа токсично во врската.

Има нов трејлер за „Кутри суштества“

Филмот ќе биде еден од најдобрите за 2023, ќе видите.

Видоа - не видоа

Викторијас Сикрет повторно се враќа на хиперсексуализирање.

Фустанот со британско знаме со заслужено место во Вог

Ви текнува на Џери Халивел од Спајс Грлс? 

Израелската влада до Џиџи Хадид: „Те гледаме“

Израелската влада преку своите официјални профили на социјалните мрежи реши да ја издвои Џиџи Хадид како пример за тоа каде, според нив, грешат луѓето што ја објавуваат својата поддршка за Палестина.

Бескрајното откажување на Кевин Спејси

Кога Спејси го ослободија од сите обвиненија во јули, некои се понадеваа дека #MeToo ќе престанат да го ловат кај стигнат. Му се исчисти образот, па помисливме дека на раат ќе се врати на глумење. Може и некој ќе му се извини. Не.

Родители на социјални мрежи: Што е со опсесијата да се споделуваат децата?

Има тон луѓе на интернет што не сме ги запознале, а сепак знаеме дека детето им е опседнато со вовчиња, што рекло вчера, каква боја патичиња има, што мисли за новото бебе... Ова се вика sharenting. Од share и parenting.

Олабавете ги малку „ноќните птици“

Луѓето секогаш ги фалат ранобудниците, а со недоверба гледаат кон тие што функционираат ноќе. Што е подобро?

Постојаните нотификации влијаат на здравјето

И треба да се потрудиме да ја намалиме „вревата“.

Балетанките сакаат да се вратат, ама не им давајте

Ортопедите не ги сакаат и има многу добра причина.

Интернетот се опседна со филтерот за стареење

Виралниот филтер за стареење на ТикТок предизвикува мешани реакции онлајн - некои се препаднати од тоа каква физичка старост ги чека, некои сосема ја прифаќаат.

„Парализата на одлуки“ нè прави несреќни

Нормално е да се помислиш малку кога се работи за секојдневни обврски како бирање од кај ќе нарачаш ручек. Но, за многу луѓе, ваквите ситуации знаат да бидат и претешки - и ова се вика парализа на одлуки и опфаќа интензивни потешкотии при правење избор.

Да се биде млада и разведена е шик?

Кога супермоделот Емили Ратајковски на ТикТок изјави дека развод пред 30 е „шик“, видеото стана вирално. Тазе се и вестите за Софи Тарнер која се разведува од Џо Џонас. Сепак звучи неочекувано - смее ли ова да се кажува?

Да те избркаат од Фејсбук е добро за здравјето

Леа Борски го имала профилот на Фејсбук 11 години пред да ѝ го суспендираат. Го користела за маркетинг за нејзиниот бизнис, плус да комуницира со пријатели. Година дена после забраната е благодарна што ѝ се случила.

Ќе има серија за животот на Парис Хилтон

Како продуценти учествуваат Дакота и Ел Фенинг, а ќе биде адаптација на мемоарите на Хилтон плус таблоидната култура на раните 2000.

Во одбрана на брзата мода

Крстоносната војна против индустријата ја движи презирот кон потрошувачот.