Пред сè треба да престанеме да се преправаме дека пријателствата не бараат напор - и кај нив постои ментален товар, и кај нив постои преземањето иницијатива (да се видиме!), а кога сето ова е еднострано, се појавува фрустрација.
По свет има „тренери за пријателство“, или луѓе што од аспект на психологија им пристапуваат на пријателствата како појава и советуваат. Можеби сте мислеле дека пријателството и другарството се интуитивни работи, дека или се дружиш, или се разидуваш, ама не - има луѓе што нашле работа овде - Даниел Бајар Џексон е female friendship coach.
Според неа, во ред е да кажеш што ти треба, во ред е да иницираш и потешки разговори, а ако само ти се трудиш, и тој невидлив труд станува премногу, тогаш има начин да се справиш. Пред се, паметно е да се дефинира што пријателството значи и претставува за сите инволвирани, па да се подесат очекувањата.
И на крај, постои нешто што се вика пристрасност за одговорност: Можеби ви се чини дека само вие се јавувате, само вие собирате со кола, само вие организирате патувања. А сепак, тука доаѓа интересноста на структурата на едно пријателство и тука, наместо веднаш да решиме „готово“, треба да разгледаме на кој сè начини другата страна придонесува, наместо да бидеме пристрасни кон нашиот придонес.
„Ако пријателството вреди, флексибилноста во однос на тоа како може да изгледа трудот може многу да помогне,“ вели Џексон.