Ени Оукли - Првиот стрелец на Дивиот запад

На сликата од 1899 се демонстрира вештината за пукање од грб со помош на огледало.

Ени Оукли имала големи проблеми во детството, рано останала без татко и била малтретирана од страна на семејството што ја посвоило. Лута и бесна како осумгодишно девојче се наоружала до заби и се научила да лови затоа што уште како дете морала да ги прехрани нејзините осум браќа и сестри и мајка ѝ. Веќе на 15 успеала да собере пари и да ја откупи семејната фарма.

Сметала дека жените треба да научат да се справуваат со оружје еднакво како што знаат со бебиња. Славниот револвераш од тоа време, Френсис Батлер барал достоен ривал со кој што би можел да се натпреварува во пукање, кога пред него се појавило нежно девојче - Ени. Се изнасмеал, па се обложиле во сто долари (денешни 2000). Ја изгубил кладбата и воодушевен од нејзината умешност, се оженил за нејзе, а љубовта траела до крајот на нејзиниот живот. Осумнаесет дена по нејзината смрт не јадел ништо и на крај починал и тој.

Ени Оукли поголемиот дел од животот настапувала во циркусот на Бафало Бил, а после една незгодна ѝ вградиле челична нога. Запишано е дека на 62 години погодила 100 глинени гулаби еден по друг, од 15 метри оддалеченост. Била прва жена во Америка со статус на ѕвезда, погодувала незамисливи работи: Цигарата што нејзиниот сопруг ја држел во уста, паричка фрлена во воздух, карта фрлена во воздух пред да падне на земја.

Со Батлер глумеле во филмот Annie Get Your Gun и на тој начин нивните вештини се овековечени.

10 јануари 2024 - 13:11