Зошто сè што ќе купиме е полошо сега?

Од облека, до технологија, до коли - зошто е сè така лошо изработено?

Можеби сте забележале - во последните 10 години, сè што купуваме е со влошен квалитет. Џемперите полесно се кинат, телефоните полесно се кршат, тостери и телевизори откажуваат после 2-3 години. Личи како производите едноставно да не ги прават за да потраат.

Што е работата?

За несреќа (и за среќа, веројатно) дел од проблемот сме ние. Со децении сме условени да купуваме како луди и денес е нормално за многу купувачи да пазарат нова облека барем еднаш неделно. За да можат да држат чекор, компаниите си ставаат приоритет да произведат најбрзо и најевтино што можат, а за да го направат тоа, кратат од материјали и плати. Така страда квалитетот, а кај потрошувачите завршуваат глупости.

Кај технологијата е малку поинаква приказна - најголемата разлика е што кај модата, никој не ти брани да сошиеш ново копче, но производителите на апарати прават да е речиси невозможно сам да го поправиш нивниот производ.

Добрата вест е што потрошувачите - ние - имаме изненадувачки голема контрола над оваа ситуација.

4 јануари 2024 - 00:00