Комичарот Џо Кој беше водител на последново доделување на Златни глобуси и неславно помина. Шегите не му поминуваа, успеа да ја изнервира Тејлор Свифт со шега за дечко, истреска нешто површно за „Барби“, луѓе превртуваа со очи и беше до толку незгодно, што почна и сам да коментира дека „публиката е тешка“, па и дека нешто од шегите сам напишал, нешто не.
Џо Кој, иако нè има такви што буквално вчера слушнаа за него, не е ич од вчера, напротив. На Инстаграм има 2,3 милиони следачи. Имотот му е проценет на 15 милиони долари. Во 2017 сруши рекорд за најмногу продадени карти од еден изведувач.
А сепак, еве, кој има стомак, може да ѕирне, па веднаш под тоа имате сода-бикарбона во вид на оној монолог на Рики Џервејс.
Уште од прв виц - „сите ние сонувавме за овој момент“ (дека тој ќе ги води наградите) - не му успеа.
Ајде сега Рики: