Фотограф кажува како подобро да изгледаме на слики

Прво, да си признаеме дека може не сакаат сите да се сликаат, ама кога веќе ќе ги има на слика, сакаат да излезат добро. Е па, овде има три најдобри начини да се стигне до тоа.

Празници се, гарант од сите сто трпези на кои што ќе се најдете, минимум 20% ќе завршат на социјални мрежи, сакале вие или не.

Зборот „фотогениченост“, Меријам-Вебстер го дефинира како „подобност за фотографирање, особено поради визуелна привлечност“. Сепак, наводно секој човек може да биде фотогеничен затоа што се работи за самодоверба, не само физички атрибути.

Од сите совети за позирање што ги дава фотографката Мариса Ву, еден најмногу крева веѓи - да се наведнеш нанапред. Може ќе ви се чини неприродно, но прави огромна разлика, затоа што кога ќе се наведнеш за сликање, главата се одвојува од остатокот од телото и вниманието се фокусира на лицето.

Вака:

Како луѓе, на фотографии најмногу не привлекуваат очите, па тие ќе бидат напред и централно. Како резултат, телото ќе ви изгледа помало поради оддалеченоста на главата од торзото.

Понатаму, сликајте од горе - не мора да биде екстремно, само нека биде објективот погоре од нивото на лицето, за да може тој што се слика (или вие самите) да бидете „принудени“ да го кренете погледот за да го погледнете објективот.

Ова го издолжува вратот и на брадата ѝ дава повеќе форма. И замислете, без разлика на реалноста - добивате поизразена вилица.

И уште едно: Исечете дел од себе - целта на оваа техника е да се игра по нефер стандардот на - изгледање послаб/а. Целта е да се креира илузија на пропорции, за да изгледа дека нè има многу помалку отколку што реално нè има.

Се постигнува со ставање на горниот дел во панталоните, со држење на едната страна од сакото, додека другата паѓа слободно, со застанување до човек на тој начин што ќе ви сокрие само дел од раката и слично.

Не дека ќе ве викаат на кастинзи, ама барем сликите што ќе ги имате во телефон ќе ви бидат подраги.

А тоа ич не е мала работа.

5 јануари 2024 - 00:00