И реално, одма има инспирација. Што ќе ви фали со „маса за планирање“ во кујна? Одвоен простор, каде што госпоѓата уредно си се јавува и на телефон, а потоа планира списоци и менија за неделата што доаѓа? Не ни текнало досега.
Има и филозофија за поставување на миксер (повеќето жени сакаат да работат од десно кон лево?) И зошто не се продолжило со таа жица каде што се поставува книгата со рецепти, што денес ќе стои на пример таблет?
Ротационата полица уште од тогаш постои, и за зачини и за тенџериња. И реално, оваа кујна е сто пати подобра од многу бркачи на трендови денес што никако да најдат златна средина меѓу естетика и функционалност.
Од овој тип имавме и за чевли - Чевли на иднината: Мода и дизајнери од 1950-те и за капи - Кога капите фатија еден бизарен правец во '50-тите.
И на крај - Да се повозиме низ Њујорк, ама во 1930.