Чевли на иднината: Мода и дизајнери од 1950-те

Кој ја диктира модата, дизајнерите, или жените што се дотеруваат? British Pathé е ризница.

Во моментов ги сметаат за најдобра архива на снимки во светот - има над 85.000 филмови со огромно историско и културно значење.

Нормално, овде спаѓаат и чевли.

И тоа какви.

Некаде имаат убодено, затоа што - наланите со лебедите? Совршено се вклопуваат денес, а ќе се вклопеа и на почетокот на векот, само што малкумина ќе имаа храброст да ги носат.

(Патем, видете оние викторијански чизми со многу копчиња КАКО се закопчувале!)

Јапонскиот модел поминува денес без апсолутно никаков проблем. Просто изненадувачки е колку од чевлите што ги прошетаа во рок од 2 минути не ги прегазило времето.

Види и:

Кога капите фатија еден бизарен правец во '50-тите

Како да бидеш убава - дури и со очила?

Реклама за Мејбелин од 1956-та

8 ноември 2023 - 08:26