Реклама за Мејбелин од 1956-та

„Нејзините очи се прекрасни... Прекрасни... Прекрасни... Таа користи Мејбелин... Мејбелин... Мејбелин.“

Еве, нема да навлеземе во тоа кој решил дека wannabe хипноза е добро за реклама (сепак е 1956-та), ама кој да знае дека овие винтиџ реклами биле оригинал телешоп, сосе муабет (Сега и вашите очи можат да бидат убави!) и глас и сите нишани?

Посебно внимание да се обрне како е прикажано дека така нашминкани веднаш им привлекувате внимание на претставниците на полот што уствари се чека дома со спремна вечера (сепак е 1956-та).

Исто така, да се запази колку ДОЛГО уствари постои шминка за веѓи, а светот се освести дури откако има Кардашијанс на телевизија.

29 јуни 2017 - 14:32