На пример, сценаристот и режисер на Jeepers Creepers, Виктор Салва, е осуден педофил и силувач кој и понатаму правел филмови, дури и за Дизни после пресудата. Во 1988 бил осуден за сексуална злоупотреба на Нејтан Форест, 12-годишниот актер и ѕвезда на филмот Clownhouse. Го снимал сексуалниот чин и бил осуден и за чување комерцијални видеоленти и списанија што содржеле детска порнографија.
Одлежал само 15 месеци од предвидените три години и некако успеал да ја продолжи кариерата во Холивуд, да добие ангажман од Дизни за режирање на натприродната драма Powder и да доживее најголем успех со филмот Jeepers Creepers во 2001 кој се разви во франшиза.
Или, дали сте чуле дека Метју Бродерик има усмртено две жени кога во 1987 возел на погрешната лента во Ирска?
Биле на одмор во Ирска со тогашната девојка Џенифер Греј (Бејби од Dirty Dancing) и се возеле во изнајмена кола кога од непознати причини, Бродерик се префрлил во спротивната лента и се удрил во возило управувано од 30-годишна жена и нејзината 63-годишна мајка. Бродерик не бил пијан и не се сеќава како и зошто влегол во погрешната лента - имал скршени ребра, колабирано белодробно крило и потрес на мозок, а Греј имала полесни повреди. Двете жени умреле на место. Обвинет бил за предизвикување смрт и опасно возење, но сепак казната била сведена на невнимателно возење и обврска да плати 175 долари.
Или, статистката од Трансформерс, Габриела Седијо, која во 2011 има доживеано повреда што ја оставила со трајно оштетување на мозокот, откако колата што ја возела во една сцена ја удрило големо парче метал.
Парчето било закачено за кабел кој требал да влече каскадерска кола и се откачило и удрило во предното стакло. Седијо има добиено спогодба од 18,5 милиони долари од продуцентите.