Дали сепак козметичката индустрија нè прави будали?

Видеата за нега се меѓу најгледаните содржини на интернет, но еве, еден доктор тврди дека се лажги со опашки.

Сè се сведува на тоа дека во основа, брендовите за убавина ни продаваат магла, немаат докази дека нешто помагаат, а меѓу себе се натпреваруваат во маркетинг.

А со илјаднициве што ги фрламе на дневни и ноќни креми, серуми, чистачи и креми за околу очи што правиме?

Еднаш имавме за „Како нè мавта козметичката индустрија“, каде што пишувавме дека кремата за околу очи е обична крема за лице во помало пакување и дека ако на производот пишува дека елиминира брчки - лаже.

Другпат имавме уште понезгодна вистина - најдобра финта за нега на кожа е да имаш пари. А што е најтрагично, некои имаат излагања дека индустријата за убавина нè прави грди.

Докторов само кажува дека е булшит.

29 декември 2023 - 10:30