Како индустријата за убавина нѐ прави грди

Кога веќе сме сигурни во две работи - дека старееме и дека евентуално ќе умреме, логично би било да го прифатиме тоа и да уживаме во животот, така? Знаеме дека не. 

Наместо да го прифатиме неизбежното стареење и промените што ги трпи телото, па да се фокусираме на други, поважни и посреќни работи, научени сме секоја средба со огледало да се претвори во редење на сѐ што не е во ред: несовршености, темни кругови околу очи, брчки, влакна, стрии, целулит... Дури и да сакаш да се оградиш од ова, во светот постојат цели индустрии составени од огромен број на луѓе на кои главна цел им е да сфатиме дека нешто сигурно треба да се поправи. Погрубо кажано, индустријата за убавина сака да бидеме несреќни од најпроста причина: несреќна жена троши пари.

Ова е влезено веќе во дружење - група жени често знае да разменува комплименти, притоа напаѓајќи се самата себе: „Како ти е косата толку убава, види ја мојава, бабарога“, или „Што користиш за лице, моево ќе прооди“ и слично.

Ако нѐ убедат дека стареењето е неуспех, логично би било да направиме сѐ што е во наша моќ за да бидеме „успешни“, нели?

А до успехот божем лесно се стигнува: само уште оваа крема, само уште овој серум, само уште оваа диета...

1 јули 2020 - 13:18